Австралија ќе сместува туристи кои го пречекориле својот визен престој во административни центри за притвор, соопшти владата како дел од заострувањето на имиграциската политика.
Министерот за внатрешни работи Тони Бурк објави ограничувања за студентски визи и визи за одмор, нагласувајќи дека владата сака да покаже дека „ја контролира“ имиграцијата. Планирано е да се отворат 250 нови места во центрите за притвор и да се регрутираат уште 100 службеници за следење на луѓето кои го пречекориле својот визен престој.
Заменик-министерот за надворешни работи Мет Тистлтвејт изјави дека мерката ќе се однесува и на носителите на обични туристички визи.
Мерката беше критикувана од Австралискиот совет за туристичка индустрија, кој претставува илјадници компании во секторот. Директорката, Ерин Меклауд, предупреди дека притворањето туристи може да го наруши имиџот на земјата и туристичкиот сектор, кој е важен за австралиската економија пренесува независен.

