Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Автопатот Прилеп-Битола интензивно се гради и е голем бенефит за 200.000 жители од Пелагониско

Шеталиште 11/07/2025 13:39
Avtopat-Prilep-Bitola

Интензивно се работи на израдбата на автопатот Прилеп-Битола. Не може конкретно да се каже дали ќе биде готов до предвидениот рок, 2027 година, но недвосмилено ќе донесе голем бенефит за околу 200.000 жители од Пелагонискиот регион. Ова беше нагласено на денешниот теренски увид на работите на автопатот кој е од коридорот 10 на тројцата градоначалници, на Прилеп, Битола и на општина Могила.

Според Џош Бејкер, проектен менаџер на „Бехтел и Енка“ во моментов се работи на 10 километри од вкупно 41 километар колку што е автопатот.

-Се работи на фронтови кои се шират кон Прилеп и кон Битола. Нашето проектно семејство во оваа Секција 4 брои 600 луѓе при што повеќе од 55% од тимот доаѓа од локалните заедници. Во моментов имаме 350 вработени од локалните заедници и што повеќе вработиме луѓе од локаните заедници тоа подобро. Ве молам контактирајте не сите кои сакате да работите со нас имаме многу отворени позиции, од инжинери, финансии, работници кои работат со бетон, возачи, изјави Бејкер.

Автопатот опфаќа 10 мостови, 16 надвозници и 6 подвозници. Од компанијата истакнаа дека им требаат уште околу 400 работници кои не би сакале да ги увезуваат туку да вратат луѓе од локалните заедници.

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески смета дека автопатот ќе обезбеди побрз пристап помеѓу селата и гардовите и побезбеден пристап до Индустриските зони.

Според градоначалниците на Прилеп, Битола и Могила, овој автопат ќе донесе поголем економски развој на рагионот и стопирање на миграцијата младите.

-Со реализирање на овој проект ние не добиваме само патна инфраструктура, туку навистина еден посигурен, побезбеден пат, автопат кој ќе гарантира за безбедноста и во сообраќајот и за нашите животи. Посетители, туристи, културен и економски развој, нешто кое навистина ќе нѐ изедначи во условите во европските инфраструктури, истакна  Јовчески.

Околу 80 насто од експропријацијата е решена, а интензивно е вклучен и битолскиот музеј за прашањето на археолошките локалитети.

-Сега има исклучителна можност за натамошен развој во делот на стопанството, економијата, туризмот, протокот на луѓе и стоки. Тука, на 15-тина километри од Битола е и Грција, наш европски сосед и ако на ова се надоврзе она што ЈПДП го планира, од петљата кај Могила со некои 17 километри нов спој со границата со Грција, тоа уште повеќе ја зголемува вредноста на овој автопат. Ако на ова се надоврзе и делницата од 24 километри од Градско до Фариш, нова перспектива за регионот, огромен развој, останување на младите луѓе и на стопанството, како и проширување, ја имаме индустриската зона Жабени во Битола, вие ТИРЗ-от, рече битолскиот градоначалник Тони Коњановски.

Голем бенефит од автопатот ќе има и општина Могила, посебно во земјоделството, трговијата.

-За Могила, на само 5 километри од првата клучка имаме индустриска зона која веќе 80 проценти е распродадена, почнува да се развива самата зона. Тоа е еден импакт за економскиот развој и ние како мала општина, рурална пред се, нашето население се занимава со земјоделие, тука е и самата трговија од производството на земјоделие, така да мислам општина Могила од овој автопат ќе имаме доста бенефит, истакна Драганчо Саботкоски, градоначалник на општина Могила.

Со изградбата на експресниот пат Градско-Фариш, како и овој автопат Прилеп-Битола, Пелагонија полека започнува инфраструктурно да се развива и да го губи лошиот епитет на „слепо црево“ кој го имаше со децении.

фото МИА архива

Continue Reading

Претходно: Брз колач со вишни
Следно: Ни доаѓа нов топлотен бран со високи температури

Поврзани вести

bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29
0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29
Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 3
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 4
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 5
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12

Можеби сте пропуштиле

bgmk010-1024x68387678
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

Димитар Петковски 12/09/2026 09:36
slika-turnovo-md11111
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

Димитар Петковски 12/09/2026 09:29
0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани