Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

АД ЕСМ именува нови координатори со целосни овластувања во РЕК Битола и РЕК Осломеј

Шеталиште 21/01/2026 07:07
CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 90

Во насока на динамизирање на инвестициските планови и интензивирање на активностите за обезбедување стабилно производство на електрична енергија во зимскиот период, Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за времено именување на координатори во двата клучни енергетски капацитети во државата. За координатори со целосни овластувања за раководење со комбинатите се именувани Иван Куковски во РЕК Битола и Владимир Пејоски во РЕК Осломеј.

Куковски е истакнат стручен кадар со исклучителен придонес во работата на компанијата и потврден професионалец кој изминатите децении остави траен белег во развојот на македонскиот електро-енергетски сектор. Во неговата богата кариера тој извршуваше високи и одговорни функции, меѓу кои во ХЕС Маврово, како директор на производство во АД ЕЛЕМ до 2017 година, а до јуни минатата година ја извршуваше и функцијата претседател на Надзорниот одбор на АД ЕСМ.

Пејоски, кој воедно е актуелен директор за развој и инвестиции и член на Управниот одбор на АД ЕСМ, е докажан експерт со титула магистер по технички науки и дипломиран машински инженер.

Најголемиот дел од својата професионална кариера го помина токму во РЕК Осломеј, каде во детали ги познава сите оперативни и технички процеси. Под негово водство, Секторот за развој и инвестиции иницираше сериозни проекти за енергетска трансформација по долг период на стагнација, при што Пејоски одигра клучна улога во забрзувањето на проектите за фотонапонски електрани и реализацијата на втората фаза од ветерниот парк Богданци како дел од стратегијата за „зелена“ транзиција на компанијата.

Одлуката на Управниот одбор се темели на уверувањето дека долгогодишното искуство и познавање на состојбите во РЕК Битола и во РЕК Осломеј на новоименуваните координатори значително ќе придонесат за зголемување на доверливоста на комбинатите.

Нивниот ангажман ќе биде примарно фокусиран на успешна реализација на енергетскиот биланс и одржување на стабилен енергетски систем во претстојните зимски месеци.

Continue Reading

Претходно: Македонските ракометари ќе добијат милионска премија по победата над Романија
Следно: Повремени локални врнежи од снег, температурите до 6°C

Поврзани вести

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
asd
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Лина Ѓорческа по 162 минути „борба“ вчера поразена на турнирот во Рим против италијанката Дебора Киеза

Димитар Петковски 14/07/2026 08:18
2345678
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Квалификации за ЛШ: Вардар во финска мисија, домаќинот Купс нуди “стриминг” за пет евра!

Димитар Петковски 13/07/2026 18:53
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг 4567 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

14/07/2026 20:10
Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус et5a3229-1024x683 2
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

14/07/2026 12:10
Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект img-7234b6b7fd1d45f4a19eebff6cc9c3d1-v-696x464 3
  • Прилеп инфо

Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект

14/07/2026 12:06
Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство klekovski-aliu-696x463 4
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

14/07/2026 10:25
Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал onlajn-pazaranje-pxb-1 5
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

14/07/2026 10:08

Можеби сте пропуштиле

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
Felicia 5ti rodenden-Recovered
  • Промо

Gold Felicia одбележува 5 години успешна приказна со свечена роденденска прослава, Cabaret Show и 30% попуст за сите гости

Шеталиште 14/07/2026 14:05
b_260713049
  • Рецепти

Искористете ја сезоната на цреши со сочен домашен колач кој се подготвува без многу труд

Шеталиште 14/07/2026 12:12
et5a3229-1024x683
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

Шеталиште 14/07/2026 12:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани