Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Регион

Албански археолози открија гроб на римски големец близу македонската граница

Шеталиште 09/09/2025 13:45
arheoloski-naod

Археолозите во Албанија открија голема римска гробница што датира од 3. или 4. век н.е. – прва од ваков вид пронајдена во балканската земја којашто некогаш била дел од Римското Царство.

Откако мештани дојавија за необични камења што почнале да се појавуваат во местото близу македонската граница, вработените во Институтот за археологија почнаа со ископување на почетокот на август. Во гробницата со димензии 9х6 метри, според стручњаците, бил закопан богат и виден граѓанин на Римската Империја, и тоа „повеличествено од другите погребни места“ пронајдени во областа. Властите во Албанија, каде што туризмот е во подем, веќе планираат да го претворат ова место во туристичка атракција.

– Натписот ни говори оти лицето погребано тука го носел името Гелијано – име типично за римската ера. Не сме сигурни за името на второто лице, но веројатно е член на семејството, изјави водечкиот и одговорен археолог, Ериксон Николи.

Притоа, откриени се подземна структура и големи варовнички плочи со натписи со хеленски букви.

– Исто така, откривме парче ткаенина извезено со златен конец, што го потврдува нашето верување дека тука се работи за член на горната класа… Меѓу другите наоди има и стаклени чинии и ножеви. Но, гробницата била ограбена најмалку двапати – еднаш во антиката и подоцна кога била употребена тешка машинерија за да се премести масивна карпа до врвот на подземната градба, додаде Николи.

Тој објасни дека иако името на погребаниот е напишано со хеленски букви, станува збор за латинско лично име. А, друг натпис, пак, укажува и дека гробницата е посветена на римско-латинскиот бог Јупитер.

Фото: ЕПА (фотографијата е од други археолошки римски наоди во Албанија).

Continue Reading

Претходно: Тарт со модри сливи
Следно: СДСМ: Ако Мицкоски се плаши од декласификација зошто АНБ и Христовски не постапат веднаш?

Поврзани вести

798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
img_8327-1536x1094
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Муслиу: Не смее само противникот да се прашува

Димитар Петковски 06/10/2026 12:20
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар M79_0274-2048x1367 1
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

08/10/2026 10:41
Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 2
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 3
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 4
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50

Можеби сте пропуштиле

M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38
alkohol-prodazba
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

Шеталиште 08/10/2026 07:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани