Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Александар Арсов и Теа Божиновска победници на државниот полумаратон во Битола

Шеталиште 14/09/2025 11:14
Trcaj-Be

Атлетичарката Теа Божиновска, членка на АК Скопски маратон и атлетичарот Александар Арсов, член на АК Делта се годинашни победници на државниот полумаратон што денес се одржа во Битола.

Божиновска и Арсов трчајќи по битолските улици постигнаа и лични рекорди, оставајќи ги зад себе Марина Домазетовска и Ана Шиковска, односно Муџахид Мислимовски и Жан Тосев.

– Прв пат трчам во Битола и токму тука го постигнав мојот личен рекорд со време 1:24:32. Патеката беше многу добра со променлив ритам, малку искачување, малку спуст и уживав. Ќе продолжам да се занимавам со атлетика иако претходно тренирав фудбал. Мојот следен предизвик е маратонот, иако според мојот тренер за таков подвиг е сеуште рано, изјави за МИА, Божиновска.

Трката од 21 километар најбрзо ја истрча штипјанецот Александар Арсов, член на АК Делта-Скопје.

– Времето беше одлично за одлична трка со одлична организација. Денеска го подобрив мојот личен рекорд на 21 километар кој сега е со време од 1:13:45 и е подобар од ланскиот полумаратон што се одржа во Скопје. Инаку освен во Македонија, настапив на Балканските првенства во Романија и Бугарија, а посакувам в година да учествувам на маратон, изјави за МИА, Арсов.

Паралелно со трката на 21 километар, денес во Битола се одржаа и трки на 5 и 10 километри, а во рамки на спортско-рекреативната манифестација „Трчај, бе“.

– Годинава освен полумаратонот кој го организиравме со Атлетска федерација на Македонија, се одржа и традиционалниот натпревар „Трчај, бе“ со над 1700 учесници од 15 држави во светот, меѓу кои Австралија, Бразил, Бугарија, Турција, Грција … и секако од Македонија. Но, годинава имавме и 85 волонтери, меѓу нив највозрасната баба Љубе со 71 година. В долж патеката, имавме 30 фан-точки соодветни на темата на трката „Битолси“, и затоа низ градот имавме настапи културно уметнички друштва, ди-џеи, еден оркестар и друга забава со што трката ја прави најкреативна во Македонија, истакна Никола Димитровски, менаџер на „Трчај, бе“.

Награди на најуспешните учесници им доделија градоначалникот Тони Коњановски, спортисти и јавни личности од Битола.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: ПМФЛ: ФК Пелистер првпат денес ќе биде домаќин во Битола
Следно: Валдета Мусаи Фејзуловска носителка на листата на Националната Алијанса за Интеграција за Советот на Општина Битола

Поврзани вести

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани