Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Алиу: Граѓаните дадоа фантастични идеи, за недела две ќе имаме одговори за нивните забелешки за здравствените установи

Шеталиште 07/07/2025 12:26
Azir-Aliu

На првиот отворен ден за средба со граѓаните што се одржа во петокот некои од нив дадоа фантастични идеи. Во саботата имавме работен состанок со тимот бидејќи некои од тие идеи ги претвораме во акциски планови, истакна министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод одбележувањето една година од работата на Владата.

Дел од вкупно 39 граѓани кои биле на средбата по повод отворениот ден на кабинетот, укажале на недоволно пружени здравствени услуги од институциите, а други се интересурале за идното вработување на студенти од Медицинскиот факултет како приватни специјализанти.

Алиу посочи дека објасниле дека здравството мора да се базира врз основа на податоци, а тоа веќе го почнале.

-Неколку специјализанти кои се од различни градови, а не се од Скопје се одбиени по нивно барање да бидат префрлени од друг град во Скопје, а со цел да може и таму да имаме специјализанти и здравство кое ќе им служи на граѓаните… Најчесто спомнати се неколку здравствени институции, во врска со жалби за непрофесионално однесување, игнорирање на пациенти, немање соодветен третман, неисполнување на должностите, одбивање на услуга, доцнење во пружање здравствена услуга и мито, рече Алиу.

Во Министерството, појасни министерот, е креирана канцеларија која се занимава само со овој дел од информациите, а во врска со институциите кои се спомнати, најави дека ќе има состанок со нивните надлежни по што ќе има одговори на жалбите.

-Ако се докаже дека има елементи за понатамошно процесирање, има институции кои ќе ги пријавиме. Во оваа фаза е многу рано да се именуваат клиники или сервиси, бидејќи е прва фаза и не сме сигурни дека доставените информации се точни. Ќе не оставите недела, две додека добиеме информации. Оваа процедура кога ја почнавме креиравме методологија. Најверојатно на секоја прес-конференција ќе имаме одговори за граѓаните и новинарите до каде се пријавите и како ги процесираме, рече Алиу.

Одговарајќи на новинарско прашање за барањата упатени денеска до него од Сојузот на здруженија на дијабетичари, рече дека креирање политики во здравството базирано на историја веќе е поминато. Сите процеси, политики, секоја дефинирана активност и услуга, појасни, ќе бидат базирана на податоци.

-Имав средба со таа група граѓани, и денеска имам средба со дел од експертскиот тим кој работи таму и наскоро ќе излеземе со решенија кои нема да бидат на штета на граѓаните и тие пациенти. Ве уверувам, нема да дозволиме пациентите да имаат третман со нус ефекти. Тоа сакаме да го намалиме на ниско ниво заради тоа што имаме податоци, тие пациенти се наши граѓани имав средба со нив, сите маки ми ги кажаа. Како одговор на тоа колку делуваат сензорите, некои од нив рекоа дека за 15 дена намалувале инсулинска терапија. Што е позитивно за нив. Истото го правиме и за пациенти со ретки болести и за другите групи. Тој е нашиот пристап – да разговараме со секого, да слушаме, позитивните работи, да ги процесираме понатаму, а негативните да ги елиминираме или намалиме, истакна Алиу.

Потенцира дека резултатите и процесот ќе бидат транспарентни, позитивни и во насока на поквалитетно нудење на услугите, но додаде дека засега нема одговор какво ќе биде решението, бидејќи се уште процесот не е затворен.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека два нови објекти во рамки на Клиничката болница во Тетово ќе бидат отворени и наскоро таму ќе почнат нови услуги, а тие што се прекинати повторно ќе отпочнат.

Continue Reading

Претходно: Јанчева: Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на партијата, не на граѓаните
Следно: Левица: Државниот пазарен инспекторат дозволил авто-кампот КРАНИ да продолжи да работи без дозвола

Поврзани вести

49a3d30dd8ffb76ab6c3f0725167744a
  • Вести
  • Битола инфо

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне

Шеталиште 08/06/2026 13:30
paridenari10-1
  • Македонија

Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година

Шеталиште 08/06/2026 11:55
IMG_20260608_093131_775
  • Вести
  • Балкан
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

И Германците „загризале“ за талентираниот голманот на ФК Пелистер!

Димитар Петковски 08/06/2026 09:32
300х250 (1)
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне 49a3d30dd8ffb76ab6c3f0725167744a 1
  • Вести
  • Битола инфо

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне

08/06/2026 13:30
Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година paridenari10-1 2
  • Македонија

Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година

08/06/2026 11:55
Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените gorivo-poskupljenje-1331561945-135250_1000x666-1 3
  • Економија

Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените

08/06/2026 11:49
Во Битола се одржа меѓународна конференција „Библиотекарот денес: професија во трансформација“ 20260608133422_big_730x400_44 4
  • Битола инфо

Во Битола се одржа меѓународна конференција „Библиотекарот денес: професија во трансформација“

08/06/2026 11:40
И Германците „загризале“ за талентираниот голманот на ФК Пелистер! IMG_20260608_093131_775 5
  • Вести
  • Балкан
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

И Германците „загризале“ за талентираниот голманот на ФК Пелистер!

08/06/2026 09:32

Можеби сте пропуштиле

49a3d30dd8ffb76ab6c3f0725167744a
  • Вести
  • Битола инфо

Последна шанса за пријава на Мини Трчај бе 2026 – пријавите се затвораат утре напладне

Шеталиште 08/06/2026 13:30
f9893445dd9161037c72329609881103
  • Спорт
  • Останати

НОВИ ТИТУЛИ, НОВИ ПОБЕДИ – АК ОЛИМП ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ПИШУВА УСПЕШНАТА СЕЗОНА

Шеталиште 08/06/2026 13:27
paridenari10-1
  • Македонија

Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година

Шеталиште 08/06/2026 11:55
gorivo-poskupljenje-1331561945-135250_1000x666-1
  • Економија

Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените

Шеталиште 08/06/2026 11:49

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани