Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции

Шеталиште 26/08/2025 13:07
Aliu

Министерот за здравство Азир Алиу изутрината одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. На состанокот присуствуваа и заменик министерот, Јовица Андовски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, соопшти Министерството за здравтсво.

Комисијата е формирана со цел собирање, обработка и анализа на податоци, со посебен фокус на периодот од 2022 до 2025 година во приватните и јавните здравствени установи.

– Очекувам комисијата да испорача резултати, кои се објективни и произлегуваат од максимално професионално и независно спроведен процес. Резултатите од работата ќе бидат важни од аспект на реално утврдување на состојбите и поставување цврста основа за унапредување на менаџирањето во здравството“, порача пред членовите на комисијата министерот Азир Алиу.

Интерната комисија е составена од врвни екперти во областа, правници и економисти, меѓу кои д-р Васил Папестиев од Клиника за кардиохирургија, д-р Билјана Зафировска и д-р Иван Василев од Клиника за кардиологија, д-р Мишел Андонов и д-р Илир Вела од Клиника за торакална и васкуларна хирургија, д-р Ненси Лозанче од Клиничка болница Битола, д-р Валон Асани од Клиничка болница Тетово, д-р Никола Христов од Клиника „Жан Митрев“, д-р Жарко Христовски од „Аџибадем Систина“, како и претставници од ФЗОМ (д-р Ана Митевска и д-р Жаклина Крстевска), Стефанка Петковска, правник и претставници од Министерство за здравство (д-р Александар Митов, Стојанчо Стојковски и Бахар Љама).

Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.
Процесот ќе биде максимално транспарентен. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат во најскоро време доставени до стручната комисија составена од странски експерти, а извештајот од интерната комисија ќе биде објавен на веб страницата на Министерство за здравство.

Фото: МЗ

Continue Reading

Претходно: ФФМ го предаде Пелистер на Дисциплинска комисија
Следно: Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

Поврзани вести

698859219_1311217021140094_5857801701169321980_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 20:48
dara
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 06:42
FB_IMG_1778998471569
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

Димитар Петковски 17/05/2026 06:15
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео) 698859219_1311217021140094_5857801701169321980_n 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео)

17/05/2026 20:48
Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео) dara 2
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

17/05/2026 06:42
Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво FB_IMG_1778998471569 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

17/05/2026 06:15
СДСМ: Петнаесет дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМ SDSM-2-1024x576-1 4
  • Вести
  • Македонија

СДСМ: Петнаесет дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски – алиби нема да добие од СДСМ

16/05/2026 10:35
ВМРО-ДПМНЕ: Абази има концесии кон Заев, Ахмети и Филипче за напредокот во кариерата и сега дословно си одработува па стопира постапки против лица од СДС и ДУИ vmro-dpmne 5
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази има концесии кон Заев, Ахмети и Филипче за напредокот во кариерата и сега дословно си одработува па стопира постапки против лица од СДС и ДУИ

16/05/2026 10:32

Можеби сте пропуштиле

698859219_1311217021140094_5857801701169321980_n
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Македонија се пласираше на Светско првенство во Германија 2027 година (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 20:48
698557629_1572367268222247_9031132792845596933_n-1536x1249
  • Спорт
  • Фудбал

Репрезентацијата на Македонија до 14 години поуспешна од Малта

Димитар Петковски 17/05/2026 15:30
dara
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 06:42
FB_IMG_1778998471569
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш и Пелистер одиграа реми, битолчани одат во баражот за обезбедување место во елитното друштво

Димитар Петковски 17/05/2026 06:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани