Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Анализа: Различни аршини во битолската кампања – кога е дозволено да се греши, а кога не?

Шеталиште 16/10/2025 17:34
Naslovna

Фотоисечок од Фејсбук / Иван Чулакоски

Во текот на изминатата недела, битолската јавност беше сведок на серија настани и остри реакции во рамки на предизборната кампања, кои повторно го отворија прашањето за односот кон медиумите, јавната одговорност и двојните стандарди во политичката комуникација.

Се започна со објава на локалниот медиум Апла.мк, кој пред шест дена објави вест со наслов: „Брендирано возило на кандидат за градоначалник на Битола паркирано на пешачка патека“. На фотографијата се гледа камион брендиран со ликот на Габриела Илиевска, кандидатка за градоначалничка од независната иницијатива „Поинаку“.

Под објавата на Фејсбук страницата на медиумот следуваа десетици навредливи коментари насочени кон Апла.мк и новинарката Анета Блажевска. Таа за Шеталиште изјави дека меѓу коментаторите бил и Илија Мирчески, кој во 2021 година бил кандидат за советник на листата на „Поинаку“.

Фото: Апла.мк
Фото: Апла.мк

„Извесен Илија Мирчески поддржувач на ‘Поинаку’ и кандидат за советник на ‘Поинаку’ во 2021 година кога носителка беше Габриела Илиевска, сегашна кандидатка за градоначалничка, со вулгарности и гнасотии го нападна порталот Апла.мк, за што веќе се информирани ЗНМ, ОБСЕ и поднесена е претставка до АВМУ“, изјави Блажевска.

Фото: Поинаку / Илија Мирчески, кандидат за советник на советничка листа на „Поинаку“ на локалните избори во 2021 година

Наместо извинување или дистанцирање од ваквите коментари, само неколку дена подоцна, актуелниот советник и кандидат за нов мандат, Иван Чулакоски, на својот Фејсбук профил објави порака во која ги обвини критичарите на „Поинаку“ за „лажни профили, лажни вести и искомплексирани карактери“.

Фото: Фејсбук статус на Иван Чулакоски

„Единствено шо можи да напрајте во моментов е со зелена срча од Пелистерка да ни извршите една мала берберо – фризерска услуга“, напиша Чулакоски, без притоа да се осврне на непрописното паркирање на возилото или навредите кон новинарката.

Само неколку месеци претходно, во јули, слична ситуација ја вклучи јавноста околу градоначалникот Тони Коњановски, кој исто така беше фотографиран како направил сообраќаен прекршок. За разлика од реакцијата на „Поинаку“, Коњановски не го негираше случајот и веднаш се огласи со признание и извинување.

Фото: Тони Коњановски / Прекршочен платен налог

„Категорично ги демантирам сите објави низ социјалните мрежи со кои се прави кампања против мене и се наведува дека јас сум се поставил над законот. Тоа е апсолутно неточно. Пред законот сите граѓани сме еднакви. Да, направив сообраќаен прекршок. Човек сум и јас можам да погрешам… Казната за сторениот прекршок ја платив веднаш, без двоумење“, напиша тогаш Коњановски.

Овој пристап на градоначалникот беше оценет од дел од јавноста како пример за политичка одговорност.

Напнатата атмосфера во Битола продолжи кога кандидатот за советник од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Петровски, под фотографија на градоначалникот Тони Коњановски напиша:

„Го прогласувам нусето Габриела за умрено!“.

Фото: Фејсбук коментар на Љупчо Петровски, кандидат за советник во Советот на општина Битола

Коментарот предизвика бурни реакции. Чулакоски и Илиевска реагираа остро, повикувајќи на јавна осуда.

Фото: Фејсбук објава на Иван Чулакоски

„Колку и да сака чоек да е културен, пристоен и нормален, кога имаш работа со “вакви интелектуалци” мора да се спуштиш на нивно ниво… Ова е вистинското лице на идните советници на ВМРО ДПМНЕ“, напиша Чулакоски.

„Да го напрајме ‘славен’ кандидатот за советник кој ме прогласува за умрена! Џабе бришите коментари на виделина е вашето вистинско лице!“, реагираше Илиевска.

Фото: Фејсбук објава на Габриела Илиевска

 

Петровски потоа во коментар се извини, објаснувајќи дека користел метафора.

„Јасно и недвосмислено – немав намера ниту да навредам, ниту да се заканувам. Туку метафорички, во стилот на Сулејман Реџепи кој ја прогласи ‘Короната за умрено’ така се изразив. Се извинувам ако некој се почувствувал навреден“, напиша тој.

Фото: Фејсбук коментар на Љупчо Петровски

Во контекст на локалната изборната трка што ќе се одржи на 19 октомври, случаите од последните денови го покажуваат растечкиот степен на нетолеранција и лични напади во локалната политика. Останува нејасно дали кандидатите од независната иницијатива „Поинаку“ ќе покажат ист степен на одговорност како нивниот противкандидат во случајот со сообраќајниот прекршок и дали ќе се извинат за непрописното паркирање и навредите кон новинарката Блажевска. Јавноста, пак, очекува поголема доследност, политичка култура и почит кон медиумите и новинарите особено во период кога предизборната реторика лесно се претвора во лични напади, а границата меѓу критика и навреда станува се’ потешко видлива.

Continue Reading

Претходно: Алиу: Болницата во Прилеп доби нова медицинска опрема во вредност над 50 милиони денари, во тек е и постапка за вработување 124 лица на неопределено време
Следно: Квалификации ЕП 2026 : Женската репрезентација на Македонија со тежок пораз се враќа од гостувањето во Германија (Видео)

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 1
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 5
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани