Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

АНБ: Откриена пропагандна мрежа поврзана со странски фактори, извршен претрес кај македонски државјанин

Шеталиште 01/10/2026 07:45
20261001092900_big_730x400_94

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, за која се оценува дека има деструктивна и малициозна агенда насочена кон влијание врз јавниот дискурс во корист на странски интереси.

Преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор, информираат од АНБ.

Извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети за кои во моментов се врши дополнително вештачење. Вистинските актери на оваа, како што нагласуваат од АНБ, пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост.

– Агенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, која има деструктивна и малициозна агенда за остварување влијание врз јавниот дискурс, во корист на странски интереси. Во рамки на заеднички координирани активности на АНБ, МВР и ОЈО, на 18.09.2026 г. преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор, се вели во соопштението.

Појаснуваат дека поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење.

– Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. Наведените активности се континуитет на претходно попречените проруски хибридни активности на македонски државјанин, надоврзан на овие пропагандни мрежи, за кого беше поднесена и кривична пријава за КД „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од Кривичниот законик – се наведува во соопштението.

Од АНБ нагласуваат дека во рамки на своите надлежности ќе продолжат да преземаат активности во насока на детектирање и спречување на субверзивно-пропагандни активности преку мрежа на портали надоврзани на регионални проруски политички структури, со кои директно се поткопуваат стратешките евро-интегративни процеси на земјава.

 

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Денеска топло и суво време со температури од 19 до 26 степени
Следно: Есенска чорба

Поврзани вести

905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

Димитар Петковски 13/11/2026 21:36
Screenshot_20261113_075054_Chrome
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Димитар Петковски 13/11/2026 11:36
policija-1
  • Македонија

Од недела казна од 2.770 денари за возачите – Проверете што мора да имате во автомобилот

Шеталиште 13/11/2026 09:27
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи 905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

13/11/2026 21:36
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни 2
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола 3
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

13/11/2026 15:35
Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година 4
  • Вести
  • Битола инфо

Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година

13/11/2026 14:38
Од понеделник клиентите на „АЛТА банка“ ќе можат да ги користат услугите и во Прилеп Alta-banka-Bitola 5
  • Економија

Од понеделник клиентите на „АЛТА банка“ ќе можат да ги користат услугите и во Прилеп

13/11/2026 14:26

Можеби сте пропуштиле

905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

Димитар Петковски 13/11/2026 21:36
20261112140115_big_730x400_18
  • Настани

Во Прилеп утревечер премиера на „Снежното кралство“

Шеталиште 13/11/2026 17:28
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

Васка М.Младеновска 13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

Васка М.Младеновска 13/11/2026 15:35

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани