Помладиот брат на екс шампионот Еурофарм Пелистер или попознатата двојка почна со екипирање за новата сезона, под палката на тренерот Бранислав Ангеловски започна со градење на респектабилен тим со младинци и квалитетни играчи за шампионатот во домашното првенство. Еурофарм Пелистер 2 до сега ги ангажираше: Кристијан Симоноски, Божидар Илиески и Александар Стојков.
Како што објавија од клубот, најново засилување за битолскиот стстав е голманот Марко Трајков.
Марко Трајков во својата кариера има настапувано за тимовите на Голден АРТ и Тинекс Пролет.

