Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Ангелов предупредува: Македонија влегува во опасна фаза, доволна е една искра за катастрофален пожар

Шеталиште 31/07/2026 10:03
Stojance-Angelov

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, упати сериозен апел до граѓаните за максимална претпазливост, предупредувајќи дека земјава влегува во период со исклучително висок ризик од пожари поради најавениот топлотен бран.

Според Ангелов, во текот на јули во просек биле регистрирани околу 15 пожари дневно, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и поддршката од ер тракторите на Дирекцијата, сите пожари биле успешно локализирани и изгаснати.

Тој посочи дека локалните врнежи во изминатиот период придонеле за помал број пожари и го олесниле нивното гаснење, но предупреди дека дождовите завршиле, а претстојните високи температури, ниската влажност на воздухот и променливиот ветер создаваат услови за брзо ширење на пожарите. објави Скопје1.мк

„Доволна е само една искра за да настане катастрофален пожар“, предупредува Ангелов.

Тој нагласува дека најголемиот дел од пожарите на отворен простор се предизвикани ненамерно и ги повика граѓаните да не фрлаат отпушоци од цигари, особено од возила во движење, да не палат оган или скара на отворено и во шума, како и да ги исчистат дворовите и викендичките од сува трева и грмушки и да направат заштитен земјен појас околу објектите.

Апел упати и до земјоделците да не палат стрништа, до сточарите да не палат пасишта, а до мајсторите да бидат внимателни при користење алати што создаваат искри. Посебно предупреди и за употребата на плински уреди за плашење птици, кои исто така можат да предизвикаат пожар.

Ангелов ги повика граѓаните веднаш да пријават на 112 или во најблиската полициска станица секое сомнително однесување, како лица што носат запаливи течности, факели, огномети, големи петарди или автомобилски гуми во планински предели.

„Сите што ќе предизвикаат пожар треба да одговараат и да завршат во затвор. Бидете внимателни – доволна е една искра за страшна трагедија“, порача Ангелов. објави Скопје1.мк

Continue Reading

Претходно: Парите се на сметката во август – 3 хороскопски знаци ќе пливаат во пари
Следно: Маж запалил електрични кабли во зграда во Битола, оштетена инсталацијата на два ката

Поврзани вести

2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48
Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност 2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3 1
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

08/08/2026 12:48
241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13 Komarec 2
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

08/08/2026 10:51
Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко Screenshot 2026-08-08 100519 3
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

08/08/2026 08:06
25 години од трагедијата кај Карпалак karpalak-1 4
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

08/08/2026 08:00
Портокалова фаза, температури до 40 степени toplo1 5
  • Македонија

Портокалова фаза, температури до 40 степени

08/08/2026 07:59

Можеби сте пропуштиле

2a8e8d57e7cbbb5c665cda265d884fe3
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Од Охрид започнува „Силно светнал ден” – големиот музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Шеталиште 08/08/2026 12:48
Komarec
  • Македонија

241 случај на западнонилска треска во Европа, во Македонија регистрирани 13

Шеталиште 08/08/2026 10:51
Screenshot 2026-08-08 100519
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Барселона под “притисок” од мигрантска криза го откажа пријателскиот натпревар во Мароко

Димитар Петковски 08/08/2026 08:06
karpalak-1
  • Македонија

25 години од трагедијата кај Карпалак

Шеталиште 08/08/2026 08:00

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани