Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Андоновска: Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но се уште е многу рано да се каже дека е надминат пикот

Шеталиште 29/01/2026 14:19
20260129144822_big_730x400_47

Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но се уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот, бидејќи во минатата сезона имавме два пика. Можеби ова е првиот, можеби да е последниот, но не значи дека нема да има нов пик и ново зголемување на бројот на заболени. Оваа сезона се регистрирани три смртни случаи, изјави денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

Таа посочи дека во текот на четвртата недела во оваа сезона продолжува трендот на намалување на бројот на заболени и инциденцата на заболувања слични на грип. Според податоците, во моментов во Македонија има среден интензитет на активност на вирусот.

– Во текот на четвртата недела од годинава во период од 19 јануари до 25 јануари во Македонија се пријавени 1.708, случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 17,2 проценти помалку споредено со претходната недела кога бројот беше 2.062. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со четвртата недела од минатата сезона, е намален за 9,1 проценти, а споредено со истата недела за 15-те поминати сезони е намален е за 33,4 проценти, истакна д-р Андоновска.

Во однос на возрасната дистрибуција, појасни, 1.029 лица се на возраст од 15 до 64 години, 253 се лица на возраст над 65 години, 243 се деца на возраст од пет до 14 години, 183 деца се на возраст до четири години, а највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

– Во однос на градовите во Дебар и Кратово се бележи многу висока активност на грипот. Во Охрид, Кавадарци и Струмица има висока активност, во девет градови има средна активност, во 12 градови се бележи сезонска активност, а во два града се бележи многу ниска активност, рече д-р Андоновска.

Таа потенцира дека и натаму продолжуваат да важат препораките на ИЈЗ за лицата да се заштитат, а тоа е да се избегнуваат собирања во простории каде има повеќе лица или доколку е потребно да бидат во такви простории да носат маска.

– Посебно да водат сметка и да внимаваат на здравјето ранливите категории, повозрасните лица над 65 години, хронично болните, децата, трудниците. Доколку имаат сомнеж дека некое лице е заболено или покажува симптоми треба да се избегнуваат контакти со него. Оние кои се веќе дијагностицирани или имаат грип тие треба да останат дома. Децата да не се носат во училиште ако имаат симптоми со цел побрзо да закрепнат и да нема трансмисија на вирусот, да не се пренесува вирусот. Нашите препораки се истите како и претходно – да се остане дома, да се одмора и да се следат советите од матичниот лекар, додаде д-р Андоновска.

Continue Reading

Претходно: Коњановски најавува мерки за финансиска стабилност и развој на јавните претпријатија во Битола
Следно: Македонските превозници вечер во 20 часот се повлекуваат од блокадите на граничните премини

Поврзани вести

bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

Шеталиште 16/02/2026 15:19
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 1
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22
СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини SEMM 2
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

16/02/2026 15:21
ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието VMRO-DPMNE 3
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

16/02/2026 15:19
Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши venko-filipce 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

16/02/2026 15:18
Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата venko 5
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Немам никаква поврзаност со која било фирма за марихуана во државата

16/02/2026 15:17

Можеби сте пропуштиле

bezbeden-grad-kameri-750x375
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Шеталиште 16/02/2026 15:22
SEMM
  • Вести
  • Македонија

СЕММ: Лани поднесени 244 жалби за медиумски содржини

Шеталиште 16/02/2026 15:21
VMRO-DPMNE
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС направи низа катастрофални грешки и штети во образованието

Шеталиште 16/02/2026 15:19
venko-filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче: Предложените измени на Законот за високото образование се катастрофално лоши

Шеталиште 16/02/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани