Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Андоновски: Отвораме Владин центар за сајбер инциденти – во реално време ќе гледаме што се случува во сајбер безбедноста

Шеталиште 03/04/2026 06:11
20260403071622_big_730x400_4

Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Во синоќешното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, тој информираше дека за овој проект се обезбедени значајни финансиски средства, дел од нив од Европската Унија.

– Средства од ЕУ и наши средства 1,5 милион евра вложивме за отворање на Владин центар со одговор на сајбер инциденти кој ќе го отвориме… Ќе треба реално да гледаме што се случува во сајбер безбедноста, рече Андоновски.

Со овој центар, како што појасни, институциите ќе имаат подобар капацитет за справување со сајбер заканите и инцидентите, кои во последните години стануваат сè почести и пософистицирани.

– Промените во глобалната економија и развојот на вештачката интелигенција создаваат сериозен притисок врз домашниот ИТ сектор, кој веќе не бележи раст како во изминатите години, оцени министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Тој посочи дека приватниот ИТ сектор значително го намалил темпото на вработување, за разлика од периодот 2021–2023 година.

– Вештачката интелегенција, затворање на определени пазари од западна Европа се чувствува притисок на приватниот, домашниот приватен ИТ сектор не вработува како во 21, 22, 23… Примањата или се намалуваат или стагнираат, и луѓето кои немаат работа веќе се спуштаат на минимална плата… Но сега е веќе притисок на пазарот на труд, интересот да се вработат во државна администрација се зголемува, изјави Андоновски.

Одговарајќи на прашање за значењето на втората сесија од Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави, која ќе се одржи идната недела во Вашингтон, а на која дел од македонската делегација ќе биде и тој, министерот нагласи дека ова е исклучително важен дипломатски и стратешки процес за државата.

– Ние ќе бидеме единствената европска држава која оваа година ќе одржи втора сесија од Стратешкиот дијалог. Можам да кажам дека веќе имаме одлична соработка со Соединетите Американски Држави во областите што јас ги покривам, а тоа се дигитализацијата и сајбер безбедноста. За време на мојата посета во јануари, на највисоко ниво во Стејт департментот разговаравме за прашања поврзани со соработката со Македонија, предизвиците во сајбер безбедноста, дигиталната инфраструктура и размената на информации за потенцијални ризици во сајбер просторот. Очекувам од овој Стратешки дијалог да произлезат конкретни точки што ќе значат подобрување на можностите за македонските граѓани, за македонската економија, како и за соработката меѓу институциите, со многу конкретни придобивки за двете страни, изјави Андоновски.

Посочи дека сајбер нападите денес сè почесто се користат како алатка за водење асиметрични војни, како од државни, така и од недржавни актери. Тоа, како што рече, значи насочени напади во сајбер просторот кон критичната инфраструктура, која не ја опфаќа само цивилната, туку и здравствената, образовната и другите клучни области.

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Новата архитектура на капиталот, од институции кон доверба
Следно: Крај на нафтената криза? Иран има план за премин на бродови низ Хормускиот Проток

Поврзани вести

20260414195905_big_730x400_93
  • Македонија

Си-ен-ен: Северна Македонија, земја за која знаат мал број туристи

Шеталиште 15/04/2026 07:25
dozd-cador-1
  • Македонија

Претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Шеталиште 15/04/2026 06:05
mickoski2-660x490
  • Македонија

Премиерот Мицкоски најави нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и намалување на цените на нафтените деривати

Шеталиште 14/04/2026 11:56
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица policija-8 1
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

15/04/2026 13:01
Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена VODOVOD - BITOLA 2
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

15/04/2026 11:51
Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола IMG_2655 3
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

15/04/2026 11:41
Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување Mickoski 4
  • Економија

Мицкоски: Како што најавив се намалија цените на горивата, очекувам дополнително снижување

15/04/2026 10:54
Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза Lufanza-avioni-730x375-1 5
  • Свет

Продолжува штрајкот на персоналот на Луфтханза

15/04/2026 07:26

Можеби сте пропуштиле

20260415134942_big_730x400_21
  • Ракомет

Словенецот Котар потпиша за Еурофарм Пелистер

Шеталиште 15/04/2026 14:16
policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани