Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Анета Антова Пешева избрана за „Жена Лавица 2025“ од ЗЖМ „Елит“

Шеталиште 20/11/2025 10:52
Aneta-Antova-Pesheva

Здружението на жени менаџерки „Елит“ ја одржа петтата свечена церемонија за доделување на престижната награда „Жена Лавица 2025“, во рамки на месецот посветен на претприемништвото. Настанот е во согласност со мисијата на „Елит“– унапредување на женското претприемништво и лидерство како значајни двигатели на развојот во македонската економија, стои во соопштението на Здружението на жени менаџерки ЕЛИТ, што Шеталиште го пренесува интегрално.

Од осумте силни и успешни жени лидерки номинирани за наградата, членките на ЗЖМ „Елит“ транспарентно, преку тајно гласање ја избраа Анета Антова Пешева за „Жена Лавица 2025“.

Пешевa е добро познатa и високо ценетa во бизнис заедницата, дипломатските кругови и филантропијата. Таа претставува симбол на храброст, визија и истрајност – жена која со личен пример го трасира патот за идните генерации лидерки. Нејзината посветеност, интегритет и несебичен ангажман за подобро утре ја прават силна инспирација за жените во бизнисот.

На свеченоста, „Елит“ додели и признание за „Животно дело“ на Савка Тодоровска за нејзиниот повеќедецениски придонес во унапредување на родовата еднаквост, јакнењето на правата на жените и борбата против насилството врз жените. Признанието претставува благодарност за нејзината визија, истрајност и долгогодишна посветеност.

Врз основа на активното учество во реализацијата на програмските активности и промовирањето на женското лидерство, на три членки на „Елит“ им беа доделени благодарници.

На настанот беа промовирани и седум нови членки – успешни жени лидерки кои со своето приклучување го прошируваат капацитетот на „Елит”, како организација што ја поддржува афирмацијата и растот на жените во бизнисот и општеството.

„Со постојана надградба, посветеност и личен пример можеме да ги надминеме бариерите кои сè уште постојат во нашето општество. Заедно, жените може да бидат двигателки на промените, моќен глас што создава подобра и порамноправна иднина за сите“, порача на свеченоста, Ленка Угринувска, претседателка на „Елит“.

Фото: Елит

Continue Reading

Претходно: Судењето за „Онкологија 2“ започна одново
Следно: Деребан: Бесплатна правна помош минатата година побарале и добиле вкупно 5 030 граѓани, најмногу за имотоно-правни и семејни спорови

Поврзани вести

142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

Димитар Петковски 15/08/2026 08:12
IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
bouzouki band
300 X 300
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа 142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

15/08/2026 08:12
Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови IMG_5842 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

15/08/2026 07:29
Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје Komarec 3
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

14/08/2026 14:27
Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034 Rakomet-pretsedateli 4
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

14/08/2026 11:54
Се гаснат шест пожари, под контрола два pozar2-960x540-1 5
  • Македонија

Се гаснат шест пожари, под контрола два

14/08/2026 11:27

Можеби сте пропуштиле

142_guedes-ribeiro-luis-filipe_bashkimi-1536x1102
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Денес на програмата натпревари во Кратово и Кавадарци, вчера Арсими со првата победа

Димитар Петковски 15/08/2026 08:12
IMG_5842
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

Вооружени лица во Националниот парк Пелистер – ренџери и полиција во ноќна акција до раните утрински часови

Шеталиште 15/08/2026 07:29
Komarec
  • Македонија

Втор смртен случај од западнонилска треска за една недела во Скопје

Шеталиште 14/08/2026 14:27
Rakomet-pretsedateli
  • Балкан
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Мaкедонија, Србија и Словенија, официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕХФ ЕУРО 2034

Димитар Петковски 14/08/2026 11:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани