Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Антициклон носи пресврт на времето во Македонија: Следуваат суви денови, но за викендот температурите ќе паднат под нулата

Шеталиште 04/11/2026 08:05
sonchevo-no-studeno-vreme-so-mala-lokalna-oblachnost-1

По периодот на нестабилно време, во Македонија следува стабилизација на временските услови. Од среда, 4 ноември, па во наредните денови ќе преовладува суво време без врнежи, со повремени сончеви периоди. Сепак, за време на викендот се очекува значително заладување во утринските часови, а на повисоките места и на планините температурите ќе се спуштат под нулата.

Метеорологот Славчо Попоски најавува дека над Македонија се воспоставува поле на висок воздушен притисок, односно антициклон, кој ќе донесе постабилни временски услови.

„Над Македонија настапува поле со висок воздушен притисок (антициклон), кој веќе од среда, 4 ноември, па во деновите потоа ќе ни донесе стабилно и суво време без врнежи. Ќе имаме променливо облачно време со повремени сончеви периоди, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец“, објаснува Попоски.

И покрај стабилизацијата, во утринските часови на одредени места ќе има намалена видливост поради магла.

„Во утринските часови по котлините и по речните долини ќе има услови за појава на магла“, предупредува метеорологот.

Во Скопје до 14 степени, утрата со магла

Слични временски услови се очекуваат и во главниот град. Во Скопје и околината во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, без врнежи и со слаб до умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат меѓу 8 и 9 степени, додека дневните ќе достигнуваат од 13 до 14 степени.

Во останатите делови од земјата минималните температури ќе се движат од 3 до 11 степени, а максималните дневни од 9 до 15 степени.

За викендот помалку облаци, но и мраз и слана

Иако времето ќе остане стабилно, за време на викендот, на 7 и 8 ноември, се очекува нова промена, особено во поглед на утринските температури.

Според Попоски, облачноста ќе се намали, но утрата ќе станат значително постудени.

„Намалување на облачноста ќе имаме за време на викендот, сабота и недела, 7 и 8 ноември, кога температурите наутро ќе бидат значително пониски. Ќе биде поладно, со минимални утрински температури кои особено на повисоките населени места и на планините ќе се спуштаат под нулата и ќе има појава на мраз и слана“, најавува метеорологот.

Тоа значи дека, и покрај отсуството на врнежи и повремените сончеви периоди, утринскиот студ ќе биде поизразен кон крајот на неделата пренесува фактор.

Continue Reading

Претходно: Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција
Следно: Битола го слави денот на ослободувањето на градот 4-ти Ноември

Поврзани вести

Alta-banka-Bitola
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

Шеталиште 09/11/2026 12:39
petka-696x703
  • Македонија

Утре се празнува Светата маченичка Параскева (Петка) – ја жртвувала удобноста за да им помага на сиромашните

Шеталиште 09/11/2026 11:07
kapinkovski-naslov-2-1536x1095
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У19: Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери, за вториот квалификациски круг за ЕП 2027

Димитар Петковски 09/11/2026 10:49
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип Screenshot_20261109_091718_Facebook 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

09/11/2026 18:45
Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 2
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 3
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 4
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 5
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261109_091718_Facebook
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

Димитар Петковски 09/11/2026 18:45
bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани