ЖРК Пелистер загуби со 30:27 во Битола од штипските девојки, екипата на Астибо, предводени од екс ракометарката на битолчаники, Марија Анчева, моментално тренер и играч на ЖРК Астибо од Штип.
На натпреварот од 10. коло во спортската сала “Боро Чурлевски” на почеток на малкубројните гледачи, не му изгледаше дека ќе го добијат гостинките од Штип.
Во текот на првото полувреме водеа ЖРК Пелистер но во втората половина од вториот дел на сцена настапи искусната, Марија Анчева и го водеше својот тим кон победа со постигнати дури 14 погодоци.
Најефикасни ракометарки кај победничките покрај Анчева беше, интернационалката од Ангола, Вероника Мутимека со 7 голови.
Кај домаќинките Анастасија Тодоровска и Ана Стојчевска постигнаа 7 голови за ЖРК Пелистер.
Фото: Астибо Штип

