Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Апокалиптични сцени во Турција, илјадници загинати во земјотресот

admin 06/02/2023 00:00
izrqllu7wl0ooferf3ej-1

Тато тука сум, издржи, тука си?

Вака петгодишната Ајше седум часа се борале за живот под урнатини откако катострофален земјотрес од 7,8 по рихтеровата скала во утринските часови ги погоди Турција и Сирија. Се урнала шесткатна зграда, а таа и нејзиното семејството останале заробени под урнатините.

Турција извести дека втор силен земјотрес за помалку од 12 часа го погоди југоисточниот дел на земјата, а државните медиуми во Сирија објавија дека се почувствувал и во главниот град Дамаск. Земјотресот имал јачина од 7,5 степени според Рихтерова скала. Бројот на загинати во денешниот земјотрес во Турција и Сирија надмина илјада и се стравува дека тој ќе биде многукратно поголем. Сириските власти кажаа дека во земјата има над 300 мртви и повеќе од 1.000 повредени.

Според турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, ова е најтешкиот земјотрес во Турција од 1939-тата година, додавајќи дека срамнети со земји биле повеќе од 2 818 згради.Турција е земјата со најголем број бегалци од Сирија, од војната која најголем дел од меѓународната заедница веќе ја заборави.

– Денеска по земјотресот, започнавме да примаме голем број случаи, стотици повредени. Досега, бројот е околу 100. Загинаа околу 30 луѓе. Знаеме и имаме информација за стотици пациенти кои се уште се под урнатините, вели хирургот Маџди Ибрахим. – изјави Маџди Ибрахим-хирург.

Двајца ученици од Македонија кои престојуваат во Турција се повредени од земјотресот, известија од МНР. Дипломат од македонската амбасада во Анкара веќе е упатен кон турскиот регион погоден со разорниот земјотрес за да организира евакуација на осумтемина македонски ученици, меѓу кои се и двајцата повредени.

– Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и Менторот не е во животна опасност. – велат од МНР.

Цели населби во 10-ина провинции околу турско-сириската граница се буквално збришани, операциите за пребарување и спасување се во тек низ целиот регион. Инаку јавноста беше предупредена пред три дена од холандскиот научник Френк Хугербитес, кој на Твивер напишал дека областа на југоцентралнаТурција, Сирија, Јордан и Либан ќе биде погодена од 7,5 рихтерови степени. Сеизмолошките прогнози остануваат неизвесни и во деновите што следат.

Continue Reading

Претходно: Од ноќеска ќе поевтинат бензините и дизелот
Следно: Може ли да се почувствуваат потреси и во Македонија?

Поврзани вести

u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
unitednation
  • Свет

ОН: Светот се соочува со масовен глад ако итно не се отвори Ормускиот теснец

Шеталиште 12/05/2026 07:15
hantavirus11-1024x682
  • Свет

Како изгледа протоколот за карантин за заразени со хантавирус

Шеталиште 11/05/2026 11:28
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали u-16 1
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

12/05/2026 17:09
31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана policija-8 2
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

12/05/2026 12:07
18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

12/05/2026 12:07
21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар napad-noz-960x636-640x424 4
  • Прилеп инфо

21-годишник од прилепско нападнат и прободен со остар предмет кај Бит Пазар

12/05/2026 12:05
Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори станови зграда 5
  • Македонија

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

12/05/2026 12:04

Можеби сте пропуштиле

  • Некатегоризирано

словачка-=/*95+4ќч

Димитар Петковски 12/05/2026 17:26
u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
policija-8
  • Прилеп инфо

31 – годишен прилепчанец лишен од слобода поради марихуана

Шеталиште 12/05/2026 12:07
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

18 – годишна девојка од битолско лишена од слобода поради управување возило без возачка дозвола

Шеталиште 12/05/2026 12:07

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани