НАЈНОВО

Македонија

Апокалиптични сцени од Пехчево, низ маркетите нема вода за пиење

Голем пожар се закануваше на Пехчево во текот на ноќта. Утрово градоначалникот Александар Китански зборуваше за ситуацијата со оганот, кој се закануваше на градот.

„Во пожарот кој избувна вчера, гореше високо стеблеста борова шума, и не можеше да делува човечка сила. Во комуникација со директорот на ЦУК, утрово добивме поддршка од воздух, за да се стави под контрола, и потоа да можат да делуваат човечки сили. Во текот на целиот ден се гасеше, во текот на ноќта имаше дежурни екипи. Во текот на денешниот ден ќе се делува од воздух. На одредени места кај што имаше пламени јазици се локализира, но на некои места се разгорува. Благодарение на хеликоптерите, се става под контрола и се овозможува да делува човекова сила. Се надевам дека за неколку часа пожарот ќе биде локализиран“, рече Китански.

На социјалните мрежи се шират информации дека по маркетите во градот нема вода. Се бара жителите на околните градови како Берово, да донесат вода во Пехчево.

Поврзани новости