Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Свет

Астронаути од Индија, Полска, Унгарија и САД се враќаат на Земјата

Шеталиште 15/07/2025 13:13
Screenshot 2025-07-15 at 15.13.08

Екипаж од четворица астронаути, од Индија, Унгарија и Полска, предводени од ветеранката на НАСА, Американката Пеги Витсон, ја напуштија Меѓународната вселенска станица вчера наутро и го почнаа своето враќање и пристигнување на Земјата, што се очекува денеска, соопшти компанијата „Аксиом Спејс“ со седиште во американската сојузна држава Тексас.

Капсулата „Кру драгон“, управувана од „Спејс-Икс“, се одвои од МВС додека Станицата беше 418 километри над источниот брег на Индија. Со ова е заклучена последната посета на МВС, организирана од „Аксиом Спејс“, во соработка со калифорниската компанија на Елон Маск, „Спејс-Икс“. Видео преносот во живо ги покажа членовите на екипажот во препознатливи црно-бели вселенски костими врзани во капсулата непосредно пред одвојувањето од станицата. Капсулата безбедно го напушти просторот на МВС со помош на неколку кратки палења на ракетните мотори, пренесе „Еуроњуз“.

Мисијата „Аксиом-4“ беше лансирана на 25 јуни од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА во Флорида. Мисијата е составена од Пеги Витсон (65) од САД, Индиецот Шубаншу Шукла (39), Полјакот Славош Узнански-Вишњевски (41) и Тибор Капу (33) од Унгарија. Тие минаа 18 дена на МВС, спроведувајќи голем број научни експерименти во услови на микрогравитација. За Индија, Полска и Унгарија, ова беше првата мисија со екипаж по повеќе од 40 години.

Доколку сè оди според планот, капсулата треба да влезе во атмосферата на Земјата по 22-часовно патување и да слета со падобран во Тихиот Океан, кај брегот на Калифорнија.

„Аксиом“ е со-основана пред девет години од поранешен менаџер на програмата на МВС на НАСА и е една од неколкуте приватни компании што развиваат комерцијална вселенска станица што ќе ја замени МВС, за којашто се очекува да престане со работа околу 2030 година.

Фото: принтскрин

Continue Reading

Претходно: Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
Следно: Белгија врати саркофаг стар 2.300 години во Египет

Поврзани вести

4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
tajfun-bavi-tajvan
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

Шеталиште 11/07/2026 07:39
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани