Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Балкан

Атина подготвува рестрикции за да го намали притисокот од посетители

Шеталиште 27/04/2026 06:02
grci-a-dozvoli-nova-fotosesi-a-na-dior-na-akropolot-vo-atina

Градските власти во Атина најавуваат серија мерки за ограничување на неконтролираниот раст на туризмот, откако бројот на посетители достигна ниво кое сериозно го оптоварува секојдневниот живот во централните делови на градот.

Градоначалникот Харис Дукас предупредува дека историските квартови, особено околу Акропол и населбата Плака, веќе се соочуваат со преголема концентрација на туристи. Според него, ваквиот тренд доведува до раст на цените на становите, иселување на локалното население и преоптоварување на инфраструктурата.

Како дел од новата стратегија, се разгледува воведување забрана за нови туристички објекти во најпосетените зони, како и привремено стопирање на дозволите за изградба на хотели во центарот. Инвеститорите ќе бидат насочувани кон помалку развиени делови од градот со цел подобра рамнотежа.

Паралелно, градот работи на подобрување на основната инфраструктура – од водоснабдување и енергетски системи до дигитални мрежи – за да одговори на притисокот од милионите туристи што ја посетуваат грчката престолнина секоја година.

Поддршка за ваквите мерки доаѓа и од дел од туристичкиот сектор, кој посочува дека слични ограничувања веќе се применуваат во градови како Барселона, со цел да се зачува квалитетот на живот и одржливиот развој.

Од локалната власт нагласуваат дека приоритет ќе биде обезбедување достапно домување и повеќе јавни простори за жителите, со јасна порака дека развојот на туризмот мора да биде во рамнотежа со интересите на граѓаните пренесува бизнис вести.

Continue Reading

Претходно: Денес се празнува Свети Мартин Исповедник папа Римски
Следно: Николоски во посета на Прилеп

Поврзани вести

u-16
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Tурнир „Миљан Миљаниќ“: Македонија до 16 години, поразена од Црна Гора на пенали

Димитар Петковски 12/05/2026 17:09
1sajt-696x446
  • Балкан

Двајца Срби и Македонец уапсени за планирање на платено убиство

Шеталиште 12/05/2026 11:44
FB_IMG_1778329156202
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

Димитар Петковски 09/05/2026 12:26
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани