Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Ахмети: 2 Август е потсетник дека слободата не се гради врз надмоќта на едните над другите, туку врз еднаквост, почит и соживот

Шеталиште 02/08/2026 09:34
Ali-Ahmeti

„2 Август нѐ потсетува на еден од најблагородните идеали на нашата заедничка историја – уверувањето дека слободата не се гради врз надмоќта на едните над другите, туку врз еднаквоста, почитта и соживотот. Духот на Крушево беше повик за држава во која Албанците, Македонците и сите заедници ќе ја споделуваат одговорноста и заедничката судбина“, се наведува во честитката од претседателот на ДУИ, Али Ахмети по повод Денот на Републиката – 2-ри Август, која МИА ја пренесува интегрално.

За жал, повеќе од еден век подоцна, наместо да му се приближуваме на тој идеал, ние се оддалечуваме од него. Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминацијата, а наместо инклузивност, се продлабочува исклучувањето. Албанците сѐ повеќе се маргинализираат во државните институции, администрацијата, дипломатијата, безбедносниот сектор, правосудството, образованието, културата, здравството, економијата и во процесите на одлучување што ја определуваат иднината на државата.

Охридскиот мировен договор, како современо продолжение на духот на Крушевскиот манифест, се соочува со постојани обиди за негово поткопување. Нападите врз службената употреба на албанскиот јазик, укинувањето на механизмот што гарантираше правична и соодветна застапеност, нападите и слабеењето на механизмот за заштита од мајоризација, непочитувањето на реалноста утврдена со пописот на населението, селективната правда и промовирањето на моноетнички концепт на државата се сериозни сигнали за насоката во која се движи земјата.

Уште позагрижувачки е фактот што овие политики се овозможуваат со поддршка од одредени албански претставници, кои наместо да ја бранат волјата и достоинството на граѓаните што тврдат дека ги претставуваат, избраа потчинување пред власта. Без легитимитет од народот и без храброст да го бранат националниот интерес, тие не можат да бидат гласот на еднаквоста.

Сепак, определбата на Албанците не е променета. Ние избравме заедничка, унитарна, демократска и европска Северна Македонија, во која никој не се чувствува помалку вреден од другиот и во која државата подеднакво им припаѓа на сите нејзини граѓани. Тоа е патот што води кон праведна држава, цврсто втемелена во НАТО и интегрирана во Европската Унија.

На овој симболичен ден, да се потсетиме дека иднината не се гради со поделби, страв или исклучување. Таа се гради така што оваа држава ќе ја гледаме не како сопственост на едните или на другите, туку како наша заедничка татковина. Само врз темелите на еднаквоста, меѓусебната почит и искреното партнерство можеме да изградиме силна држава и сигурна иднина за сите.

Извор: МИА

Continue Reading

Претходно: ЛДП: Од Илинден до АСНОМ е патот кон слободна Македонија
Следно: Зајкова: Вистинскиот илинденски пркос не се докажува со пароли, туку со одлучност и изнаоѓање решенија

Поврзани вести

20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

Шеталиште 07/08/2026 08:28
Ministerstvo-za-zdravstvo
  • Македонија

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација

Шеталиште 07/08/2026 08:23
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани