Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Бактеријата салмонела причинител на труењето на 44 работници од Прилеп

Шеталиште 08/07/2026 13:20
Centar za javno zdravje - Prilep

Бактеријата салмонела е причинител на труењето со храна на 44 вработени во прилепската компанија „Микросам“ кои конзумирале оброк приготвен од прилепскаta кетеринг фирма.

Оброкот бил конзумиран во понеделникот, на 29 јуни, и станувало збор за макарони со изварка и јајца, констатираат од прилепскиот Центар за јавно здравје по извршените анализи.

Според епидемиологот Татијана Станимировиќ, од досегашното истражување се покажа дека 44 од 58 вработени во прилепската компанија „Микросам“ кои на 29 јуни конзумирале ист оброк имаат симптоми на труење со храна. Односно, стапката на заболувањето од труење со храна е висока и изнесува 75,5 проценти од експонираните. Од овие 44 лица, 6 беа хоспитализирани во прилепската градска болница, а останатите се со средно тешка и полесна клиничка слика.

– Самиот тек на епидемијата, наглиот почеток, брзото достигнување на максиумот на заболени и наглото престанување, ни покажува дека станува збор за акутно труење со храна, а истовремено и на еднократна експозиција на заболените, што, всушност, и ни е познато. Се работи за труење со храна предизвикано од бактеријата салмонела. Од 23 примероци на „столица“, земени од заболените, кај 11 е потврдено присуството на оваа бактерија. Ваквите труења, предизвикани со салмонела, најчесто се јавуваат по конзумирање на сирова храна или недоволно термики обработена храна од животинско потекло, месо, јајца, млеко или нивни продукти. Во овој случај, за време на ручекот, значи во понеделникот на 29 јуни, во мензата на фабриката била поделена храна- макарони со јајца и изварка. Од оваа храна, конзумирале вкупно 58 од присутните во првата смена, додека пак, другите 43 лица консумирале друг оброк кој тој ден бил на менито. Кај тие кои конзумирале друг оброк, нема симптоми на акутно труење. Така, може да кажеме дека храната конзумикрана за време на епидемијата (макаарони со јајца и изварка) е причина за појавата на труењето, објаснува епидемиологот Станимировиќ.

За време на увидите кои биле направени во кујната каде се приготвувала храната, не биле затекнати продуктите кои биле употребени за подготовката на храната, јајцата и изварката кои, најверојатно, еден од овие продукти, се извор на салмонелата. Земен е примерок од готов оброк за кој се чекаат резултати.

– Не може да кажеме дека изворот е утврден, туку е претпоставен и најверојатен. Земен е примерок од готов оброк, но сѐ уште не се готови резултатите од испитувањата кои се вршат во микробиолошката лабараторија при Институтот за јавно здравје во Скопје. Но, каков и да е резултатот, ние нема да ја отфрлиме претпоставката дека извор на труењето е храната, вели Станимировиќ.

Труењето предизвикано од бактеријата салмонела трае од три до седум дена, зависно од клиничката слика. Но лекувањето може да трае три и повеќе недели, па една од мерките е заболените да се изолираат од средината и контактот со другите.

Вонреден инспекциски надзор беше направен заедно со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и со Агенцијата за храна и вереринарство.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекотрат само кусо информираа дека ги чекаат резултатите од Центарот за јавно здравје за понатамошни мерки пренесува Либертас.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (08.07.2026)
Следно: Во Прилеп изведба на „Повик“ – претстава за предизвиците на современиот уметник

Поврзани вести

FB_IMG_1783369829721-1200x800
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп испиша уште една незаборавна спортска вечер со атмосфера за пример

Шеталиште 07/07/2026 08:11
img_5190-750x375
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп е подготвен за „Пиво фест 2026“, градот ги пречекува гостите од 17 до 19 јули

Шеталиште 07/07/2026 08:10
img_4926-1024x684
  • Прилеп инфо

Проданоски: Со новиот Центар за дневен престој создаваме подобри услови за активно и достоинствено стареење на повозрасните граѓани

Шеталиште 30/06/2026 13:20
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година JM2_9167-530527_16by9-Large 1
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

12/07/2026 20:50
Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“ 98765 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

12/07/2026 05:59
Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 4
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 5
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39

Можеби сте пропуштиле

JM2_9167-530527_16by9-Large
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

Димитар Петковски 12/07/2026 20:50
98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани