Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Забава
  • Занимливости

„Барби“ новитет: Кукла со аутизам

Шеталиште 12/01/2026 14:00
barbie

Издавањето на првата „Барбика“ со аутизам е поздравено од активистите и добротворните здруженија како чекор кон „поавтентична, а радосна“ претстава за деца со невродивергентни нарушувања.

Новата кукла има специфични дизајнерски решенија со цел да одразат некои искуства со коишто би можеле да се поврзат лицата со аутизам. Тие вклучуваат лабава облека за да се обезбеди помал контакт ткаенина-кожа и поглед малку настрана, за да се претстави начинот на којшто некои лица со аутизам избегнуваат директен контакт со очите. Секоја ваква кукла доаѓа и со розова вртимушка за намалување стрес и подобрување на фокусот, како и слушалки со поништување на бучавата и блокирање на звуците во позадина.

Компанијата-создавач „Мател“ од САД нагласи дека со новата кукла „повеќе деца ќе се видат себеси претставени како ‘Барбика’“. Производот е создаден со придонес од Аутистичната самозастапувачка мрежа, којашто ја опиша куклата како „пресвртница“ во претставувањето на оваа заедница и рече дека е „воодушевена“ што помогнала во дизајнот.

„Многу е важно младите лица со аутизам да видат автентични, радосни претстави за себе, а оваа кукла е токму таква“, се вели во соопштението на Мрежата.

Меѓу другите одлики се и подвижни лакти и зглобови за да се овозможат гестовите за обработка на сензорни информации или изразување возбуда, како и розов таблет што го симболизира начинот на којшто некои луѓе ги користат дигиталните алатки за да си помогнат во нивната секојдневна комуникација. Ели Мидлтон, писателка и лице со аутизам, која редовно ги споделува своите искуства преку интернет, ја опиша куклата како „моќен симбол“ за младите девојки да се чувствуваат прифатени.

– Оваа аутистична кукла „Барби“ ме прави толку емотивна. Статистиката покажува дека младите девојки често се недијагностицирани или погрешно дијагностицирани, па затоа, поседувањето на вака моќен симбол, како оваа аутистична кукла „Барби“ помага да се донесе разговорот околу невродивергенцијата кај жените во преден план, така што аутистичните девојки ќе можат да се чувствуваат прифатени и видени.

Британското Национално аутистично здружение (НАС) предупреди дека, со оглед на тоа што аутизмот е спектар, „важно е да се запомни дека лицата со аутизам можат да бидат многу различни едно од друго“, со различни силни страни и предизвици. Здружението го опишува аутизмот како „доживотна невродивергенција и попреченост“ што влијае на тоа како луѓето го доживуваат и општат со светот.

Се проценува дека повеќе од еден од 100 луѓе се со аутизам и оти има најмалку 700.000 возрасни и деца со аутизам во Обединетото Кралство. Управниот директор на НАС за национални програми, Питер Ват рече дека повеќе прикази на лица со аутизам е клучно за нивното разбирање и прифаќање.

– Навистина е важно овие претстави да бидат автентични и засновани на обемни консултации со лицата со аутизам, и задоволни сме што Мател ја вклучи аутистичната заедница во развојот на оваа кукла. Позитивно е да се види автентична аутистична претстава на телевизија и во филм, уметност и во театар, бидејќи подоброто јавно разбирање на аутизмот во општеството би можело да ги трансформира животите на стотици илјади аутистични лица, појасни Ват.

„Мател“, во она што го опиша како напори за создавање бренд со поинклузивен одраз на децата што си играат со куклите и другите производи, претходно издаде и „Барбика“ со дијабетес, оштетен вид и слух, како и кукла со Даунов синдром.

Фото: Инстаграм, фотоисечок

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chloé Hayden (@chloeshayden)

Continue Reading

Претходно: Млечни кифлички
Следно: Вевчани подготвено за ново карневалско доживување

Поврзани вести

Sonce
  • Занимливости

Експертите предупредуваат: Сè поголем ризик од суша во Македонија

Шеталиште 17/06/2026 09:34
sladoled-so-lesnici
  • Занимливости

Сметка од 44 евра за два сладоледа предизвика широка дебата за туристичките цени во Рим

Шеталиште 08/06/2026 09:25
TOM_7726
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (06.06.2026)

Шеталиште 06/06/2026 15:08
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега policija-8 1
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17/06/2026 14:55
Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица Screenshot 2026-06-17 123422 2
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

17/06/2026 13:00
НБРМ ја зголеми основната каматна стапка 1-denari-pari-1 3
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

17/06/2026 12:48
Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски sv-mitrofan 4
  • Македонија

Денес се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

17/06/2026 07:19
Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер Oblacno-vreme-vo-skopje 5
  • Македонија

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

17/06/2026 07:18

Можеби сте пропуштиле

policija-8
  • Битола инфо

Битола: Полицијата испукала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

Шеталиште 17/06/2026 14:55
img-89e590f70cfd8cba5dc679aafdbe70e1-v-696x522
  • Настани

Работилница за мозаик за млади во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Шеталиште 17/06/2026 14:54
Screenshot 2026-06-17 123422
  • Македонија

Златен накит вреден 1,1 милиони денари запленет на ГП Богородица

Шеталиште 17/06/2026 13:00
1-denari-pari-1
  • Економија

НБРМ ја зголеми основната каматна стапка

Шеталиште 17/06/2026 12:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани