Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

„Безбеден град“: Регистрирани повеќе од 33.000 прекршоци од странски возила, МВР најавува наплата на казните

Шеталиште 06/07/2026 10:48
bezbeden-grad-kameri-750x375

Во периодот од 2 февруари до 31 мај 2026 година, во системот „Безбеден град“ се евидентирани вкупно 33.722 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки, информираат за „Слободен печат“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од нив, најголем дел прекршоци се регистрирани во мај – 11.258, а најмал број се регистрирани во текот на февруари – 4.301.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна најави дека сите возачи што транзитираат низ Македонија ќе бидат опфатени во системот „Безбеден град“. Како што нагласи, секој сообраќаен прекршок што е сторен од 1 февруари 2026 година, од пуштањето на системот во работа, ќе се достави до секој што направил прекршок, без разлика дали станува збор за домашен или за странски државјанин.

– Брзо ќе бидете сведоци на целосна, комплетна имплементација на вториот чекор, кој се однесува на достава на казните за оние што управуваат странски регистарски возила, прекршоците се констатираат и ќе бидат за брзо време доставени до оние што не ги почитуваат правилата – рече Тошковски.

Тој посочи дека казните на странците ќе им бидат врачувани на граничните премини при излез од земјава.

Министерот потенцираше дека во 21 век, благодарение на технологијата и на вештачката интелигенција, ќе се најде решение како да им се достават казните за прекршоците на странските државјани.

– Ако во ова време не најдеме начин како да ги доставиме, мислам дека имаме проблем самите со себе. Ќе треба време, процесот не е едноставен за спроведување, но ќе го спроведеме и како што е имплементиран за македонските граѓани, така ќе важи и за другите што транзитираат и ги прекршуваат правилата, го загрозуваат својот и животот на другите учесници во сообраќајот. Ќе ги доставуваме казните преку СМС-пораки или преку апликација, само треба да се има волја. Ќе ни треба време, имаме смислено решение и ќе го спроведеме и за брзо ќе ве увериме дека функционира – рече Тошковски.

Тој не прецизираше дали странците ќе мора да платат веднаш на граница, дали ќе можат да платат електронски, што ќе се случува ако одбијат да платат и дали ќе има размена на податоци со други држави за присилна наплата.

Системот „Безбеден град“ започна со примена на почетокот на 1 февруари 2026 година, по донесувањето на законските измени што овозможија автоматско евидентирање на сообраќајните прекршоци преку мрежа од камери поставени на повеќе локации низ државата. Целта е да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се подобри почитувањето на сообраќајните правила.

Камерите регистрираат повеќе видови прекршоци, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, користење мобилен телефон при возење, некористење сигурносен појас и други прекршоци предвидени со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

За разлика од домашните возила, кај странските регистарски ознаки постапката за доставување и наплата на казните е посложена бидејќи бара идентификација на сопственикот и механизам за прекугранична наплата, поради што МВР најавува дополнителни технички решенија.

Во повеќе европски земји ваквите системи функционираат и за странски возила преку билатерални договори и размена на податоци меѓу институциите, што овозможува казните да бидат доставени и по напуштањето на државата пренесува слободен печат.

Continue Reading

Претходно: Сите се разболуваат во исто време, лажни боледувања во Србија ги затвораат фабриките
Следно: Грција поставува заштитни бариери поради опасната зајак – риба

Поврзани вести

FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
image-255811
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

Шеталиште 15/07/2026 07:48
FotoJet-2026-07-14T152445.168
  • Македонија

Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна

Шеталиште 15/07/2026 07:45
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола FB_IMG_1784100985560 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

15/07/2026 08:55
Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени 20260715093147 2
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

15/07/2026 07:57
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата image-255811 3
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

15/07/2026 07:48
Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна FotoJet-2026-07-14T152445.168 4
  • Македонија

Денеска се празнува Полагање на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна

15/07/2026 07:45
Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола voz6-696x408-1 5
  • Македонија

Од денеска повторно сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола

15/07/2026 07:41

Можеби сте пропуштиле

IMG_5245
  • Култура
  • Настани

Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвора јубилејниот Локум фест во Битола

Шеталиште 15/07/2026 11:45
FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
20260715093147
  • Свет

Хаос над Лондон, девет авиони прогласиле вонредна состојба, 14 летови пренасочени

Шеталиште 15/07/2026 07:57
image-255811
  • Македонија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе работи на унапредување на физичката подготвеност на Армијата

Шеталиште 15/07/2026 07:48

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани