Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции околу 6:30 часот беше во минус од повеќе од три проценти.
Во исто време, цените на акциите во Шангај, Хонгконг, Индија, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја паднаа меѓу 1,1 и осум проценти.
Поради силниот пад, јужнокорејскиот индекс Коспи рано утринава се намали за повеќе од осум проценти, по што на берзата привремено беше прекинато тргувањето.
Значителни загуби бележат и другите азиски берзи, а се очекува пад и на најголемите светски пазари, со оглед на тоа што терминските индекси се во длабок минус.
Така, околу 6:30 часот терминскиот индекс Eurostoxx 50, кој ги следи водечките европски акции, како и германскиот индекс DAX, беа во пад од повеќе од три проценти, додека британскиот FTSE беше понизок за околу 1,7 проценти.
Пад се очекува и на Волстрит, каде што терминскиот индекс Dow Jones моментално е во минус од повеќе од 1.000 поени или околу 2,3 проценти, додека терминските индекси S&P 500 и Nasdaq исто така бележат пад поголем од два проценти пренесува банкарство.
фото: архива/илустрација

