Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Берлин во Битола

Шеталиште 18/12/2025 15:27
597300583_2287630638695668_2506820819565565773_n

Вчера, во UTOPIA, Берлин беше и град и книга за еден град.

Се одржа промоцијата на книгата „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми. Во атмосфера на внимателно слушање и искрен разговор, книгата се отвори како интимен патопис, исповед и лична мапа на еден град што прво одбива, а потоа засекогаш останува.

Енис Хилми зборуваше за животот меѓу Охрид и Берлин, за годините поминати во движење, за чувството на туѓина и постепеното прифаќање, но и за пишувањето како начин да се сочува личното време. Книгата, добитничка на наградата „Новите!“ за 2024 година (во издание на „Темплум“), беше претставена токму онаква каква што е …тивка, внимателна и длабоко човечка.

Хилми припаѓа на онаа ретка група авторки што не пишуваат за да објаснат, туку за да сведочат. Нејзиниот прозен глас е ненаметлив, но прецизен. Таа пишува за градови и патувања, но уште повеќе за внатрешните поместувања што тие ги предизвикуваат, за чувството на припадност, за осаменоста, за времето што тече помеѓу два дома. Во оваа книга таа ја избегнува романтизацијата и големите гестови, избирајќи ги малите детали и секојдневните сцени преку кои градот постепено станува личен.

Разговорот го водеа Никола Гелевски и Пеце Талевски, кои ја претворија промоцијата во вистинска книжевна средба.

Никола Гелевски, писател, есеист и уредник во издавачката куќа „Темплум“, еден од најпрепознатливите гласови на современата македонска книжевна сцена, со остар критички поглед и длабоко чувство за текст и контекст ѝ даде јасна рамка на книгата и нејзиното место во современата проза.

Пеце Талевски, продуцент и културен работник од „ОХО“ продукција, со долгогодишно искуство во создавање и курирање авторски и независни културни проекти, ја водеше дискусијата како внимателен читател и соговорник што знае да ја отвори падината кон читање на книги, но и бескрајна почит за македонските изданија.

Заедно, тие создадоа разговор кој течеше суптилно вклучувајќи ја и публиката.

Оваа вечер уште еднаш потсети зошто Книжевниот клуб UTOPIA е важен дел од културната мапа на Битола. Не како уште еден простор за настани, туку како место за средби, место каде што книгите не се декор, туку повод, не се бројка, туку разговор.

UTOPIA отвори простор за разговор помеѓу автори и читатели, помеѓу локалната сцена и современата македонска и светска литература, помеѓу секојдневието и мислата. Во град што некогаш повеќе читал, а сега има само две книжарници, ваквите разговори за книга се како културен чин.

Фото: Сашо Стојановски

578009891_25761921986761626_3898865206084506255_n
579571961_5248321488727158_9198746173178547005_n
583289693_1538477787392634_6123702913427509513_n
589030161_912339967788317_3583133954419250_n
589914459_1851808822106749_7497987087253395972_n
590230842_1208977311300694_8827733282847980258_n
594440962_1385715196292576_2626540684075515032_n
597160726_1217011543676527_7346131333828515415_n
597165772_1964290824484688_8093784261871077435_n
597218303_1195176905379115_1257769794988727705_n
597222605_1404102161411030_1487287004913650095_n
597229534_1351821919467887_7467069178896269191_n
597235736_1758840081450554_8222962809114720297_n
597236971_1330454402087826_320385761547910987_n
597242094_849982167650003_9075121660848258618_n
597300583_2287630638695668_2506820819565565773_n
597493222_3835263176783382_2994381898800116380_n
597617524_838570459085824_6487899616402869326_n
597774504_843236191939995_7860334734638176873_n
598018848_863746539482250_6376143560260702736_n
598134109_978605754737879_1790183654836979495_n
598573790_2357567191347910_6713993051498630838_n
598577170_809332545441753_2089326874858456907_n
598653522_1542703287066913_3308238664134454716_n
599258489_32729332030047955_7374545976862264007_n

Continue Reading

Претходно: Успешно реализирана крводарителска акција во фабриката „Кромберг и Шуберт”
Следно: Драган Крајовски избран за нов член на Извршниот одбор на СДСМ

Поврзани вести

festival-prilep
  • Вести
  • Култура
  • Прилеп инфо
  • Театар

Во Прилеп почнува 60 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Шеталиште 05/06/2026 06:22
4B2B1E29-D95F-4EA3-A815-0138B7E7DF96
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Бродвеј пристигнува во Битола: „The Music Man Jr.“ на 5 јуни во Центарот за култура

Шеталиште 02/06/2026 13:57
mtf-poster-datumi-1-1
  • Настани
  • Театар

Онлајн продажба на билетите за МТФ „Чернодрински“ од 28 мај, физичка – од 1 јуни

Шеталиште 27/05/2026 11:13
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите paridenari10-1 1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

16/06/2026 14:18
Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања raboti-na-kompjuter-696x411 2
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

16/06/2026 14:07
Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути 160626-103 (1)-3 3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

16/06/2026 13:28
Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица 912-512-bebe-novorodeno 4
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

16/06/2026 12:15
Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ! img-7fa1adf801faa499a2822555679f5adc-v-1024x682 5
  • Вести
  • Балкан
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар, Шкендија и Силекс денес ќе ги дознаат ривалите од КЛ и ЛШ!

16/06/2026 09:34

Можеби сте пропуштиле

paridenari10-1
  • Економија

Министерство за финансии: Над 2 милијарди денари субвенции се исплатени на тутунопроизводителите

Шеталиште 16/06/2026 14:18
raboti-na-kompjuter-696x411
  • Прилеп инфо

Болнички службеник од Прилеп фотографирал банкарска картичка на шалтер, па направил десетици онлајн купувања

Шеталиште 16/06/2026 14:07
160626-103 (1)-3
  • Вести
  • Битола инфо
  • Промо

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Шеталиште 16/06/2026 13:28
912-512-bebe-novorodeno
  • Македонија

Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица

Шеталиште 16/06/2026 12:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани