Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Економија

Бесими: Системски ќе се реши зголемувањето на платите

admin 06/06/2023 00:00
1-denari-pari-1

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска уште еднаш рече дека сите разговори за платите се водат во насока на утврдување методологија која ќе биде подеднаква за сите во јавниот сектор. Тоа, во иднина, рече Бесими, ќе биде решение не само за вработените, туку и за функционерите.

За зголемувањето на платите на функционерите, пак, напомена Бесими, секоја институција поединечно постапува. Министерствата вршат исплати во рамки на нивните буџети за вработените, функционерите од Владата се исплаќаат од Владата, а тие од Собранието од Собрание. Пренамена на средствата се прави во секоја институција каде што се исплаќа платата.

– Секоја институција поединечно си постапува и си гледа каде има расположиви средства со реалокација на средства така што тоа е дел на секоја институција сама по себе. Додека Владата се однесува на делот што се избрани функционери кои се исплаќаат од Владата, потоа има именувани функционери – на пример за пратениците во Собранието се плаќа од Собрание, градоначалниците се плаќаат од општините, советниците во општините се плаќаат од општините. Има избрани функционери на локално и на централно ниво и секоја институција како што си добиваа плата таму си ги распределуваат во нивните буџети, рече Бесими по економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста”.

На новинарско прашање дали се најде компромис со синдикалците и дали оваа година може да се очекува покачување на платите во јавната администрација, Бесими нагласи дека меѓу едното и другото треба да се прави дистинкција.

– Разговорот со синдикатите во јавниот сектор е постојан разговор во рамките на Економско-социјалниот дијалог и овие барања се сосема легитимни и не се поттикнати од тоа што во Уставниот суд се укина член кој се однесуваше на избраните функционери кој е во рамките на закон и кој е од поодамна важечки и тоа не е покачување на плата како владина политика. Напротив, Владата се упати со официјален допис до Уставниот суд дека не треба да го укине тој член. Додека разговорот со синдикатите е независно од тоа. Коинцидира временски тоа што треба да го завршиме, но важно е дека таму треба да се реши системски, тоа што го кажав, и веќе сите разговори се водат таму во однос на утврдување методологија која ќе биде подеднаква за сите во јавниот сектор и тоа после да биде решение не само за вработените, туку и за функционерите во иднина. Мислам дека тука сме на добар пат – само на следните состаноци да ги наоѓаме кои се можните решенија за надминување на оваа дилема сега што е во јавноста полека се решава. Како што не е веќе тема на преговори утврдување на минимална плата, не е тема на преговори за зголемување на пензијата зашто ги решивме во минатите години со закон и со методологии кои се системски, законски и важат за сите за кои се регулира таа материја и нема таму потреба секоја година да се преговара во смисла на обезбедување на нивните права како што се пензија, минимална плата. Така ќе се реши системски и ова прашање, рече Бесими.

Continue Reading

Претходно: Евротип, Голд Слот, во соработка со Минт Инс Осигурителен Брокер иницијатори на средба за дополнителен приход на вработените низ групациско здружување
Следно: Претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд

Поврзани вести

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
nafta-1-2-1
  • Економија

Денеска нафтата повторно поскапува

Шеталиште 07/08/2026 08:25
zlato-960x540-1
  • Економија

Цената на златото со најголем раст од јануари, една унца чини над 4.260 долари

Шеталиште 07/08/2026 07:19
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани