Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

admin 18/04/2023 00:00
Screenshot_20230418_083250_Chrome

По повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети денеска влезот во сите музеи и археолошки локалитети во земјава ќе биде слободен.

Од Министерството за култура очекуваат голем одѕив кај јавноста затоа што, како што посочуваат, македонската култура и уметност имаат светско археолошко богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува.

Отворени ќе бидат вратите на заводите и музеите во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и Струмица, на Стоби и Хераклеа, Спомен-куќата на Тоше, Археолошкиот музеј, Националната галерија со сите свои објекти, Музејот на современата уметност, Музејот на македонска борба, Историскиот музеј во Крушево, Уметничката галерија во Тетово, „Д-р Никола Незлобински“ во Струга, Музејот на Западна Македонија во НОВ, во Кичево, Музејот на Тетовскиот крај, музеите во Куманово, Гевгелија, Природно-научниот музеј, Музејот на Северна Македонија.

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, прогласен од ИКОМОС, а прифатен од УНЕСКО, се одбележува во целиот свет. Секоја година темите се актуелни и се однесуваат на подигање на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата. Годинава, фокусот е на темата „Промените на културното наследство“, која ги опфаќа прашањата за културното наследство кои се отвораат со климатските промени.

Continue Reading

Претходно: Времето денеска: Облачно со повремени врнежи од дожд
Следно: Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Поврзани вести

Brane-Petrushevski
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Шеталиште 19/01/2026 13:55
Lulzim-Aliu
  • Вести
  • Македонија

Заменик министерот за образование Алиу објави дека поднел неотповиклива оставка од функцијата

Шеталиште 19/01/2026 13:54
Venko-Filipche
  • Вести
  • Македонија

Филипче од Охрид: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани

Шеталиште 19/01/2026 13:53
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Коњановски: Бог се јави – честитки за Богојавление Водици од Битола konjanovski-1 1
  • Битола инфо

Коњановски: Бог се јави – честитки за Богојавление Водици од Битола

19/01/2026 17:05
Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев Brane-Petrushevski 2
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

19/01/2026 13:55
Заменик министерот за образование Алиу објави дека поднел неотповиклива оставка од функцијата Lulzim-Aliu 3
  • Вести
  • Македонија

Заменик министерот за образование Алиу објави дека поднел неотповиклива оставка од функцијата

19/01/2026 13:54
Филипче од Охрид: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани Venko-Filipche 4
  • Вести
  • Македонија

Филипче од Охрид: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани

19/01/2026 13:53
Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна Centar za javno zdravje - Prilep 5
  • Вести
  • Прилеп инфо

Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна

19/01/2026 13:51

Можеби сте пропуштиле

13090
  • Рецепти

Вкусна вечера за целото семејство

Шеталиште 19/01/2026 17:15
konjanovski-1
  • Битола инфо

Коњановски: Бог се јави – честитки за Богојавление Водици од Битола

Шеталиште 19/01/2026 17:05
Brane-Petrushevski
  • Вести
  • Македонија

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Шеталиште 19/01/2026 13:55
Lulzim-Aliu
  • Вести
  • Македонија

Заменик министерот за образование Алиу објави дека поднел неотповиклива оставка од функцијата

Шеталиште 19/01/2026 13:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани