Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Настани

“Бестрашната четворка“, најнова премиера на Марјан Неќак од Битола во Марибор

Шеталиште 04/10/2025 11:12
vmro-61

Премиерата на претставата „Бестрашната четворка“, (Štirje neustrašni), во режија на Марјан Неќак од Битола, ќе се одржи денес во Големата сала на Куклениот театар Марибор (LGM). Текстот за истата го напиша Саша Ержен, а е заснован на познатата бајка од браќата Грим „Бременските музичари“. Задржани се ликовите од оригиналната приказна – магарето, кучето, мачката и петелот – но, сместени во современо време.

Режисерот и авторот на музиката, Марјан Неќак, за кого ова е четврта соработка со овој театар, ни изјави дека ова е многу важна приказна за денешното време.

-Она што ме привлече во оваа басна е нејзината повеќеслојност. На прв поглед, станува збор за басна за животни кои нивните сопственици ги отфрлаат бидејќи се „непотребни“. Но, зад таа едноставна приказна се крие силна и современа порака: во нашето општество често се откажуваме од оние кои повеќе не ги исполнуваат очекувањата било да се работи за постари лица, слабите или оние кои не носат брза корист, токму во тоа ја гледам современоста на темата. Магарето,кучето, мачката и петелот не се херои затоа што се моќни, туку затоа што не се предаваат и во пријателството и заедништвото наоѓаат нова цел“.

Преку хумор, музика и игра, претставата нуди весела, динамична приказна, но и силна животна лекција.

-Децата ќе ја препознаат вредноста на пријателството, солидарноста и храброста, а возрасните можеби ќе се видат во критичко огледало на нашето општество. Децата не смееме да ги потценуваме, тие пораката ја разбираат јасно и искрено, понекогаш и подлабоко од нас возрасните. Во оваа претстава ми беше исклучително важно да ги спојам класичните бајковити мотиви со елементи од нашето секојдневие. На тој начин приказната живее во сегашноста и публиката може да ја доживее како своја. Токму тој спој создава театарски јазик кој е универзален, а сепак длабоко препознатлив – и за децата и за возрасните.Oваa претстава не е само театарска игра – туку и покана за размислување: како гледаме на другите и дали сме спремни да ја најдеме вредноста таму каде што другите повеќе не ја гледаат. Верувам дека публиката ќе излезе збогатена – едни со насмевка, други со прашање кое долго ќе го носат со себе“, додава режисерот.

Претставата има комплексен аранжман, со различни музички стилови, методи на свирење и видови кукли, кои успешно се комбинирани во една целина. Ова е претстава што е важна и за децата и за возрасните.Саша Ержен ја драматизираше приказната на иницијатива на режисерот. Автор на визуелниот дизајн и сликање на кукли и сценски елементи е Дамијан Степанчич, сценски движења Каја Лоренци, драматург Катарина Кланчник Коцутар, лектор Метка Дамјан, светло Миљенко Кнезоци, тон мајстор Клара Форштнерич, сценски техничар Светлана Малоич.Технолози за кукли: Мојца Брењак, Тин Маруш, Дарка Ердељи. Изработувачи на кукли, сценографија и костуми: Луцијан Јошт, Митја Пастрик, Бранко Цесерман, Златко Мешич. Во претставата играат Барбара Јамшек, Урша Кавчич, Миха Безељак и Грегор Прах пренесува Битолањуз.

Continue Reading

Претходно: Денеска се празнува Светиот апостол Кодрат
Следно: Прилепчанец две години ја следел и прогонувал поранешната сопруга

Поврзани вести

12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
20260902081224_big_730x400_22
  • Настани

Во КИЦ Битола изложба на скулптури ,,Торза’’ на македонскиот уметник Андреј Митевски

Шеталиште 02/09/2026 07:01
DSCF8819_resized
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

Шеталиште 14/08/2026 08:50
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата FB_IMG_1788757725107 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

07/09/2026 05:24
Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 2
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 3
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 5
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1788757725107
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Одлично дерби помеѓу, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот во Суперлигата

Димитар Петковски 07/09/2026 05:24
Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани