Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава, ќе добие и тројца нови монаси

Шеталиште 10/09/2026 07:02
20260909200040_big_730x400_56

Манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир,  ги кани верниците на традиционалното одбележување на главната манастирска слава во спомен на Отсекувањето на чесната главата на Свети Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

За време на празничното бдение, кое почнува утревечер во 19 часот, тројца искушеници ќе го примат монашкиот чин.
Монашкиот чин ќе биде извршен во присуство на митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, кој ќе претстои на празничното бдение.

Според објавата на Бигорскиот манастир замонашување ќе биде централниот духовен настан во рамките на годинашното празнување на Свети Јован Крстител, небесниот покровител на обителот.

Празничното чествување ќе биде збогатено и со учеството на хорот за источно-православно пеење „Свети Јован Кукузел“ од Тирана, Албанија. Хорот ќе гостува во Бигорски со благослов на архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија г. г. Јован.

„Тоа ќе внесе уште една светла димензија во славата: братско сведоштво дека православната вера, молитвата и свештеното предание ги надминуваат сите граници и ги соединуваат народите во едната Христова Црква. Со нив и со  браќа псалти, древните химни кон Светиот Претеча ќе се вознесуваат во Бигорски како заедничка молитва и благодарност“, стои во објавата.

Хорот од албанската православна  црква заедно со хорот при бигорското братство ќе го придружуваат празничното бдение и богослужението со византиско црковно пеење.

На денот на празникот, 11 септември, во 8:45 часот почнува  светата архиерејска Златоустова Литургија.

 

 

 

 

 

 

Миа

Continue Reading

Претходно: Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд
Следно: Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис

Поврзани вести

bashkimi-3-1536x1058
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

Димитар Петковски 12/10/2026 19:29
image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово bashkimi-3-1536x1058 1
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

12/10/2026 19:29
МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 2
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 3
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 5
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15

Можеби сте пропуштиле

bashkimi-3-1536x1058
  • Македонија
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Башкими направи изненадување совладувајќи ja Струга Трим Лум во Куманово

Димитар Петковски 12/10/2026 19:29
image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани