Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Бислимоски: Ако РКЕ ја определува крајната цена на водните услуги ќе се намалат загубите на вода и ќе се подобрат инвестициите во водоводната инфраструктура

Шеталиште 30/07/2025 12:31
Bislimovski

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски е оптимист дека може да се подобри состојбата на јавните водоводни претпријатија во државата доколку РКЕ ја определува крајната цена за секоја водна услуга. Тоа, како што вели, ќе ги намали загубите на вода и ќе придонесе за инвестиции во водоводната инфраструктура без притоа драстично да се зголемат сметките за водните услуги.

-РКЕ во соработка со здружението на водоводните претпријатија во државата – АДКОМ работи на доставување на предлог за измени и дополнување на два закона со што ќе се овозможи РКЕ да ја определува крајната цена за секоја водна услуга, потврди денеска претседателот на РКЕ.

Со тоа, додаде, нашата одлука ќе биде задолжителна за водоводните комунални претпријатија.

-На тој начин ќе го поедноставиме целиот процес имајќи во предвид дека сите наши методологии се поттикнувачки и даваат сигнал до претпријатијата без разлика на нивната дејност да ги намалуваат своите трошоци. Веруваме дека на тој начин ќе обезбедиме повеќе инвестиции во водоводната инфраструктура во државата имајќи во предвид дека загубите на вода на државно ниво ни се 64 проценти. Очекуваме дека со овој нов концепт ќе се придонесе за нови инвестиции  во оваа инфраструктура која е стара 50, 60 па и 70 години  со што ќе се овозможи намалување на загубите и ќе се намали процентот на ненаплатена вода. На тој начин потрошувачите ќе имаат стабилно и сигурно снабдување со вода, но заради намалување на загубите нема да има никакво сериозно зголемувања на цените за водните услуги, рече Бислимоски.

Сега, како што кажа, РКЕ носи одлука за цената на водните услуги со која се определува минимална и максимална цена за секоја услуга која ја даваат водоводните претпријатија, а потоа врз оснава на таа одлука Управниот одбор на претпријатието носи одлука за цена во рамките на минимумот и максимумот која потоа се доставува на одобрување од Советот на општината.

-Очигледно е дека тоа е посложен процес кој има политички влијанија и не секогаш се носат одлуки кои се во интерес на водоводните претпријатија и во интерес на потрошувачите, посочи Бислимоски.

Continue Reading

Претходно: Вардар – Пелистер во првото коло од новата сезона на ПМФЛ
Следно: ЛДП: Прифатена уште една наша предлог мерка – до 15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Поврзани вести

aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
jajca
  • Македонија

АХВ изрече глоби од над 19 илјади евра: уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони шверцувани јајца пред Велигден

Шеталиште 16/04/2026 09:39
dsc_0759-1536x1108
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поуспешна од Северна Ирска по изведување на пенали

Димитар Петковски 16/04/2026 07:12
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени 20260416124039_big_730x400_41 1
  • Прилеп инфо

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени

16/04/2026 12:20
Од јуни Прилеп и Битола ќе се поврзат со градски воз – нова ера во превозот во Пелагонија voz6-696x408-1 2
  • Регион

Од јуни Прилеп и Битола ќе се поврзат со градски воз – нова ера во превозот во Пелагонија

16/04/2026 12:18
Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал aerodrom--1536x1084 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

16/04/2026 11:50
Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите germansko-zname-650x396-2 4
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

16/04/2026 10:15
Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп nikoloski-660x500 5
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

16/04/2026 09:40

Можеби сте пропуштиле

20260416124039_big_730x400_41
  • Прилеп инфо

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени

Шеталиште 16/04/2026 12:20
voz6-696x408-1
  • Регион

Од јуни Прилеп и Битола ќе се поврзат со градски воз – нова ера во превозот во Пелагонија

Шеталиште 16/04/2026 12:18
aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

Шеталиште 16/04/2026 10:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани