Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Битола има тим од кардиолози кој дава целосна поддршка на пациентите за болести на срцето

Шеталиште 08/08/2025 10:22
Bitola-klinicka-bolnica-Nensi-tim

Битолската клиничка болница е екипирана со тим на интервентни кардиолози и медицински кадар кој овозможува адекватен третман на кардиоваскуларните болести на срцето за пациентите од Битола и поширокиот регион.

Во Битолската болница салата за инванзивна и интервентна кардиологија е комплетно опремена со современа техника и новиот ангиограф.

Салата работи под раководство на д-р Ненси Лозанче субспецијалист по интервентна кардиологија, сертифицирана за самостојно извршување на интервентни и инвaзивни процедури, со д-р Емилиа Паришко, специјалист кардиолог со референтна обука на Клиника за Кардиологија во Скопје за работа во ангиографска сала, а од пред два дена се вклучи и д-р Игор Спироски, специјалист интернист и супспецијалист интервентен кардиолог со долгогодишно искуство како член на ангио тимот во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје, со бројни успешни интервенции зад себе.

Со долгогодишно искуство во тимот се и медицинските сестри Валентина Гачевска, Светлана Тодоровска и Семра Рустеми.

Салата за инванзивна и интервентна кардиологија во Битола е отворена на 6 август 2012 година, што значи постои 13 години, но како што вели д-р Лозанче, за жал не работи со континуитет бидејќи стариот ангиограф се расипа во 2019 година и тогашното раководство не успеа да го санира се до 2024 година. Од лани салата е повторно оспособено со нов модел на ангиограф од марката „Филипс“, донација од Светска банка.

Бројката на третирани пациенти со кардиолошки заболувања во Битола надминува над 3.000 од Битола и Пелагониско-преспанскиот регион. Она што е важно за д-р Лозанче која воедно е и директор на Клиничката болница Битола е ангажирање на искусни специјалисти лекари и медицински кадар за подобрување на здравствената заштита на Битолската болница. Последниот голем исчекор е вработувањето на искусниот кардиолог д-р Игор Спироски во Битолската болница.

„Идејата д-р Игор Спироски да биде вработен во нашата болница потекна уште пред извесен период кога разбрав дека ја напушти Клиниката за кардиологија во Скопје. Таму интервентната кардиологија е на едно извонредно високо ниво и кога имате таков кадар кој работел во услови на Кардиологија во Скопје под раководство на професорот Сашко Кедев, размислував колку ќе биде корисно и добро за нашите пациенти д-р Спироски да биде дел од нашиот тим. Тој е и нашиот учител на Клиниката во Скопје кога бевме на специјализација со докторката Паришко. Д-р Спироски и претходно доаѓаше во Клиничката болница во Битола да помага во Одделот за интервентна кардиологија во Битола“, вели д-р Лозанче.

Доктор Лозанче напоменува дека вработувањето на д-р Спироски во Битола на Одделот за интервентна кардиологија – „ќе беше само желба доколку не беше силната поддршката на Владата и посебно ангажирањето на премиерот Христијан Мицкоски.“

Пресудно за кардиологот Спироски да ја прифати понудата за вработување во Битола е моментот кога пред кусо време дошол во пријателска посета на колегите во Битола но имал можност во истиот момент да присуствува на интервенција на акутен пациент.

„Сега веќе сум вработен во Битолската клиничка болница, дојдов да живеам во Битола и да работам овде. Она што ме натера да прифатам работа во Битола како прв предуслов беше тимот. Овде тимот за интервентна кардиологија е на многу високо ниво. Големо искуство стекнато кај лекарите и медицинските сестри. Имате искусен лекар, имате млад лекар, обучени сестри, значи имате континуитет во една исклучително добро опремена сала“ вели д-р Спироски.

Со голем ентузијазам, д-р Спироски напоменува дека на одделот во Битола може да бидат третирани пациенти не само од регионот, туку и од северна Грција, бидејќи како што вели успешноста на една интервенција зависи и од брзината на времето со која ќе биде изведена, што подразбира подобар исход. Кардиологот смета дека треба да се работи на довербата на пациентите, да се сигурни дека овде во Битола на одделот за интервентна кардиологија ги имаат сите услови за здравствен третман. За д-р Спироски предизвик е воведување во работа на покомплексните процедури на интервентна кардиологија – каротидни и периферни интервенции.

Најмладиот член на тимот кардиолози во Битола е д-р Емилиа Паришко. „Голема среќа е да се биде дел од тимот и да се има до себе стручњаци од областа кои ќе ти ја пренесат пред се’ страста кон работата. Јас не можам да функционирам ако не го работам ова. Кога сме во сала се почитува хиерархија, но д-р Лозанче и д-р Спироски се реализирани доктори кои даваат можност малиот лекар да учи и да се развива. Предизвик е да се работи со вакви професионалци“, вели д-р Емилиа Паришко, интервентен кардиолог.

Директорката Лозанче вели со преземањето на функцијата пред една година затекнала болница без доволно лекари специјалисти, без соодветен стручен персонал.

„Уште од самиот почеток на моето доаѓање како директор во Клиничката болница во Битола целта ми беше екипирање на лекарскиот тим со лекари специјалисти, готов кадар, а не да праќаме млади лекари на специјализација и после шест години да чекаме да се вратат назад. Нашиот избор е примање на завршени специјалисти за да се надмине тој тампон период од лекари на специјализација. Ова е голем чекор да привлечеме готови специјалисти кои можат да придонесат во работата и јакнењето со кадар на Клиничка болница Битола. И токму затоа е целото ова мое ангажирање“, изјави д-р Лозанче.

Во последните месеци вработени се неколку специјалисти од повеќе области. За почеток вработен е д-р Хараламбос Сидиропулос, лекар специјалист инфектолог која ја напушти приватната болница „Систина“. Од приватно во јавно здравство е преземен и интернистот д-р Васил Чипуровски и д-р Зоран Литовски специјалист дерматовенеролог. Од неодамна се вработија и десет приватни специјализанти.

За два до три месеци од специјализација треба да се врати млада лекарка, кардиолог, вели д-р Лозанче.

 

 

Извор и Фото: Независен 

Continue Reading

Претходно: Три интервенции на битолските пожарникари, запалено возило, запален стан и заглавено лице
Следно: Се поставува споменикот на македонскиот војвода Александар Турунџев во Битола

Поврзани вести

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

Васка М.Младеновска 13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

Васка М.Младеновска 13/11/2026 15:35
Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година
  • Вести
  • Битола инфо

Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година

Васка М.Младеновска 13/11/2026 14:38
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Лига на Нации: Македонија постигна гол по 323 дена во Глазгов и е поразена, Растодер го постигна својот првенец IMG_4718-1536x1097 1
  • Вести
  • Македонија
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лига на Нации: Македонија постигна гол по 323 дена во Глазгов и е поразена, Растодер го постигна својот првенец

14/11/2026 06:48
Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи 905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n 2
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

13/11/2026 21:36
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни 3
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

13/11/2026 17:19
Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола 4
  • Вести
  • Битола инфо

Во сообраќајка тешко повреден велосипедист од Битола

13/11/2026 15:35
Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година 5
  • Вести
  • Битола инфо

Усвоен кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Битола за 2026 година

13/11/2026 14:38

Можеби сте пропуштиле

IMG_4718-1536x1097
  • Вести
  • Македонија
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Лига на Нации: Македонија постигна гол по 323 дена во Глазгов и е поразена, Растодер го постигна својот првенец

Димитар Петковски 14/11/2026 06:48
905744374_2225244471723456_1490482798271164539_n
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Суперлига: ГРК Охрид и Е.Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и забележаа победи

Димитар Петковски 13/11/2026 21:36
20261112140115_big_730x400_18
  • Настани

Во Прилеп утревечер премиера на „Снежното кралство“

Шеталиште 13/11/2026 17:28
Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни
  • Вести
  • Битола инфо

Се санираат штетите по силниот ветер во Битола, градоначалникот апелира граѓаните да бидат внимателни

Васка М.Младеновска 13/11/2026 17:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани