Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Битола се подготвува за „Широк Сокак во бело”

Шеталиште 20/08/2026 10:52
d9942687bcf3f893b222cbc40bfc604a

Битола на 21 и 22 август повторно ќе живее во ритамот на „Широк Сокак во бело” настанот кој со години создава една од најпрепознатливите летни слики на градот на крај на август со илјадници луѓе на улиците, музика во центарот и публика облечена во бело.

Годинава програмата започнува на 21 август со Детскиот хепенинг „Широк Сокак во бело“, на платото пред Офицерскиот дом, со почеток во 19:00 часот.

Вечерта е целосно посветена на најмладите, а програмата ќе започне со загревање со кловнот Заги, по што следуваат Мими со Југото, DJ Милојевиќ, детската театарска претстава „Распуст лета, школо цвета“, дружење со маскотите Мики, Мина, Спајдермен и Капетан Америка, настап на Детскиот музички фестивал ТРА ЛА ЛА и Алексеј Ивановски.

Еден ден подоцна, на 22 август, градот ја добива својата голема летна сцена.

На плоштадот Магнолија ќе се одржи „Широк Сокак во бело“, со музичка програма во која и годинава фокусот е ставен на македонските музичари, бендови и изведувачи.

На сцената ќе настапат DJ Чико, Никола Зацески, Алексеј Ивановски, Паркети, Ѓоко Танески со неговиот бенд и Дац и Александар.

Но „Широк Сокак во бело“ одамна не е само концерт.

Неговата најголема сцена е самиот град.

Широк Сокак, плоштадот, летните тераси и улиците во центарот таа вечер стануваат едно големо место за средба на различни генерации. Токму тоа е идејата што настанот ја задржува и годинава, Битола да излезе заедно.

А единствениот дрес код останува непроменет, а тоа е облека во бела бојс.

На 21 август ги очекуваме најмладите на платото пред Офицерскиот дом, а на 22 август цела Битола на плоштадот Магнолија и по Широк Сокак.

Два дена. Еден град. Една од неговите најубави летни традиции.

„Широк Сокак во бело – Бела ноќ Битола“ се реализира во рамките на Битфест 2026, со поддршка на Општина Битола и партнерите и поддржувачите на настанот.

Continue Reading

Претходно: Синдикалната минимална кошница во август достигна 68.675 денари
Следно: Цената на гасот во Европа на рекордно ниво

Поврзани вести

Screenshot_20261109_091718_Facebook
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

Димитар Петковски 09/11/2026 18:45
kapinkovski-naslov-2-1536x1095
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија У19: Капинковски го објави списокот со повикани фудбалери, за вториот квалификациски круг за ЕП 2027

Димитар Петковски 09/11/2026 10:49
Screenshot_20261109_091718_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

Екипата предводена од Марјан Србиновски забележа голема гостинска победа против Пелистер (92:87)

Димитар Петковски 09/11/2026 08:30
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип Screenshot_20261109_091718_Facebook 1
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

09/11/2026 18:45
Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир bair-tunel 2
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

09/11/2026 13:08
Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември Francija-PSG 3
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

09/11/2026 13:04
Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено Alta-banka-Bitola 4
  • Македонија

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено

09/11/2026 12:39
Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто inflacija-1.jpg 5
  • Економија

Животот повторно поскапува: Храната, облеката и сметките со повисоки цени, инфлацијата достигна 3,3 отсто

09/11/2026 12:12

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20261109_091718_Facebook
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

Кошаркарите на Пелистер го претрпеа четвртиот пораз во шест натпревари во Суперлигата вчера од ГКК Штип

Димитар Петковски 09/11/2026 18:45
bair-tunel
  • Регион

Во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп – Ресен кај Баир

Шеталиште 09/11/2026 13:08
Francija-PSG
  • Свет

Под притисок на масовните протести Франција ја зголемува минималната плата од 1 декември

Шеталиште 09/11/2026 13:04
20261109123651_big_730x400_3
  • Занимливости

Ретко голем бел тартуф од 850 грама продаден за 100.000 евра на аукција во Италија

Шеталиште 09/11/2026 12:44

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани