Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Битола со аплауз и солзи ја дочека промоцијата на монографијата за маестро Кире Костов

Шеталиште 28/08/2025 10:18
539823100_1486641392369306_5052347143058115724_n

Во емотивна и достоинствена атмосфера, синоќа во Офицерски дом во Битола беше одржана првата промоција на монографијата „Кире Костов–лет на ноти и спомени“, посветена на животот и делото на еден од најзначајните македонски композитори, инструменталисти и диригенти.

Настанот ја собра семејната топлина, колеги, пријатели, почитувачи и публиката што со децении ги пее и препознава неговите композиции.

Монографијата, создадена од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Марко Коловски, е љубовно писмо кон музиката и човекот кој остави неизбришлив белег во македонската култура.

Промоцијата ја отвори Сефедин Бајрамов со песната “Охридски спомени”, а вечерта продолжи со емотивни зборови на Кармен Костова, сопругата на маестро Костов, која ја истакна семејната борба и љубов за да се реализира оваа монографија.

Настанот беше збогатен и со сеќавања од колеги, пријатели и градски дејци, меѓу кои и потсетување на детскиот фестивал СИ-ДО, чие основање беше поврзано со визијата на Костов.

 „Кире Костов никогаш не беше само маестро-тој беше дел од нашите семејни разговори, име што се изговараше со почит и со тивка гордост дека токму Битола го има родено“, беше речено во емотивниот вовед на вечерта од Љубица Ангелкова која ја водеше промоцијата како разговор со публиката, а не како класична промоција.

Оваа книга е сведоштво дека големите уметници никогаш не заминуваат, тие живеат во секоја нота, во секое сеќавање, во секој аплауз.

„На Кире никогаш не му беше тешко да пишува музика – тоа му беше најлесното нешто на светот, неговиот природен јазик. Тешко му беа сите други работи, административните ситници што не ги сакаше. Единствено моментите пред да се роди композицијата беа обвиени со тензии – тогаш им велев на децата: ‘тишина, татко ви пишува песна’. Но кога нотите ќе се сложeа, сè стануваше лесно, едноставно, како здив“, рече сопругата Кармен Костова на промоцијата на монографијата во Офицерскиот дом во Битола.

“Битола вечерва домаќин на една многу значајна промоција. Таа промоција беше сведок на љубов, љубов на едно семејство што реши да го овековечи својот најблизок, но и љубов на градот што никогаш не ги заборава своите големи луѓе. Кире Костов одамна престана да биде само музичар. Тој е дел од нашата биографија, дел од онаа тивка гордост што ја носиме кога велиме … од Битола сум“, истакна пред присутните градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски.

Битфест застана како организатор на овој настан, а Општина Битола помогна во издавањето на монографијата.

“Монографијата ‘Кире Костов е враќање на еден голем човек. И чест е што токму Битола беше првата станица на ова патување”, додаде Коњановски.

Настанот заврши со повторна изведба на Сефедин Бајрамов, со последната компонираат која Кире Костов ја напиша за него и аплауз кој траеше долго, како потврда дека маестро Костов продолжува да живее низ музиката.

Монографијата ќе има своја радио-промоција на Радио Буба Мара кај Ранко Петровиќ, а во ноември во Скопје е најавен голем концерт посветен на Кире Костов – со неговата музика, пријатели и соработници на сцената.

Фото: Сашо Ставрев

539269591_1703147417045846_5193558755263698335_n
539626219_2063434807814946_7567807296362096478_n
540348652_754258437211371_2629773914672672613_n
540418340_2348644338865925_9035641425596632487_n
540598329_4392000021126299_7114021316779523351_n
540703206_1088025383434384_6967686063175421_n
541040686_798917779249862_172919503206074194_n
541060965_1327359292311002_6930999196499543603_n
541187298_1191587179464830_1624299806813103050_n
541192845_1840759096875495_4957378893188832734_n

Continue Reading

Претходно: (Видео) Дали стадионот „Петар Милошевски“ е подготвен за фудбалскиот спектакл на младинските селекции на Македонија – Италија?
Следно: РЕК Битола го одбележа 28 август – Денот на рударите

Поврзани вести

Screenshot_20260503_122852_Gallery
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Свет

Македонскиот генијалец, Македон Димитровски освои златен медал по математика во Германија (Фото)

Димитар Петковски 03/05/2026 11:01
IMG_3082
  • Култура
  • Настани

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе

Шеталиште 03/05/2026 09:56
682738107_1146695597597852_5072943248499922598_n
  • Култура
  • Настани

СМИЛЕВО КАКО ОТВОРЕН ПРОЦЕС: ЗАПОЧНУВА „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС 2026“

Шеталиште 02/05/2026 07:22
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола FB_IMG_1778351840865 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

09/05/2026 18:32
Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена Aerodrom-skopje 2
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

09/05/2026 12:40
Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 4
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Shetalishte-81
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:47
DSC_1038
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани