Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Битола ќе го слави роденденот на Горан Стефановски

admin 27/04/2023 00:00
thumbnail-7-960x960-1

На денешен ден, 27 април 1952 година, во Битола е роден големиот македонски драматург Горан Стефановски.

„Да беше жив, на оваа дата ќе го славевме неговиот 71 роденден. Прерано не напушти, во својата 66 година од животот. Но, некои луѓе имат само дата на раѓање, а ние како битолчани, овој човек треба посебно да го славиме.

Така, во заеднички разговор со неговиот брат Влатко Стефановски, кој е наш драг пријател се роди идејата во негова чест и датата кога се роди нашиот Шекспир, да организираме концерт во неговиот роден град„-истакнуваат организаторите на овој концерт.

Малку историја….

Горан Стефановски е роден е во Битола, на улицата Београдска бр.5 во куќата на семејството Зиса, која ја делеле родителите на Горан, со познатото актерско битолско семејство Чоревски. Браќата Благој и Борис Чоревски се сеќаваат дека тие живееле на долниот кат, а Стефановски живееле на горниот кат. Биле многу блиски, па поканата да ја делат куќата била идеја на битолскиот актерски познат пар Трајко и Ратка Чоревски.

Во Народниот театар во Битола, Горан ги направил првите детски чекори во периодот кога татко му, Мирко Стефановски беше и актер и кратко време и директор. А неговата мајка Нада, била актерка. Замислете го тоа мало љубопитно дете низ стариот театар во Битола, несвесно дека во една блиска иднина, дури 9 негови претстави ќе бидат поставени во овој театарски храм, ќе доживуваат бројни изведби пред преполно гледалише, ќе добиваат награди на фестивали и ќе го слават неговото име.

Неговата последна средба пред смртта, а со асоцијациите на Битола и детството. беа во Лондон, кога нашиот битолски театар го играше Шекспир во славниот Глоуб театар. Горан, со група од битолските актери, после претставата во еден лондонски паб покрај Темза, се сеќаваше на Битола и на своето детство.

Концертот во Битола, ќе се одржи денес на роденденот на Горан, 27 април во Офицерски дом во Битола. Влатко Стефановски ќе настапи на звучниот систем Legendary конструиран од Теохаров аудио, специјално за Влатко Стефановски, така што публиката ќе има можност да ја почувствува таа звучна перфекција создадена од инженерскиот ум, а употребена од бескромисниот талент и единствената боја на звук која ја создава големиот Влатко Стефановски. Актерот Борис Чоревски, ќе евоцира спомени и ќе изведе делови од драмите на Стефановски во кој самиот настапувал. Камник винаријата, се приклучува како голем пријател на културата и настаните кои целат кон создавање на триумф за сите сетила. Општина Битола се јавува како поддржувач на овој настан.

По концертот во Офицерски дом, планиран е афтер во култниот битолски џез клуб Порта Џез, каде ќе настапи Агни Авшар со својот сензуален вокал, кој оживува џез и латино стандарди, евергрини и џези изведби на современа музика.

Така што денес Битола ја очекува вистинско уметничко уживање, осмислено во чест на Горан Стефановски.

Continue Reading

Претходно: Дневен хороскоп (27.04.2023)
Следно: Претставата „Дупло дно“ повторно на сцената на прилепски театар

Поврзани вести

Screenshot 2026-06-10 185038
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

СП 2027: Македонија ќе игра во Магдебург,против Исланд, Бахреин и Јапонија (Фото)

Димитар Петковски 10/06/2026 17:20
brifing-1536x1067
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Брифинг на ФФМ: Реформи, лиценцирање, репрезентации и судиска организација

Димитар Петковски 10/06/2026 13:23
dsc_5399-1536x1112
  • Вести
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена од Азербејџан, фудбалерките со пораз ги завршија квалификациите за Светското првенство

Димитар Петковски 10/06/2026 05:31
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
Дознај повеќе! 300 h 250
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба 20260611152159_big_730x400_62 1
  • Македонија

Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба

11/06/2026 14:53
„Рајанер“ под истрага – дополнително им наплаќал на родителите за да седат до своите деца avion1-1 2
  • Свет

„Рајанер“ под истрага – дополнително им наплаќал на родителите за да седат до своите деца

11/06/2026 11:44
ДЗР: 235 корисници незаконски добивале и пензија и социјална помош denari-plata-600x360_1000x666-1 3
  • Македонија

ДЗР: 235 корисници незаконски добивале и пензија и социјална помош

11/06/2026 11:12
Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска sv-teodosija 4
  • Македонија

Денес се празнува Светата маченичка Теодосија Тирска

11/06/2026 07:22
И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер Soncevo_0-1 5
  • Македонија

И денеска топло време, кон крајот на денот се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер

11/06/2026 07:12

Можеби сте пропуштиле

20260611152159_big_730x400_62
  • Македонија

Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба

Шеталиште 11/06/2026 14:53
avion1-1
  • Свет

„Рајанер“ под истрага – дополнително им наплаќал на родителите за да седат до своите деца

Шеталиште 11/06/2026 11:44
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Македонија

ДЗР: 235 корисници незаконски добивале и пензија и социјална помош

Шеталиште 11/06/2026 11:12
tamara
  • Шоубиз

Тамара ја објави „Кукла жива“ – Најлична песна во својата кариера

Шеталиште 11/06/2026 10:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани