Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо

Битолската клиничка болница се засили со уште еден познат специјалист. Кардиологот д-р Игор Спироски од денеска е дел од тимот

Шеталиште 06/08/2025 12:29
Bitolska-klinicka-bolnica-d-r-Spirovski

Познатиот кардиолог од Скопје, д-р Игор Спироски, специјалист интернист и супспецијалист интервентен кардиолог од денеска е дел од тимот на Битолската клиничка болница. Д-р Спироски има повеќе од две децении активно искуство во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје, со бројни успешни интервенции зад себе.

Во последните четири месеци болницата во Битола се екипира со лекари специјалисти од повеќе области.

Денеска од Болницата објавија дека токму на денешен ден во 2012 година за првпат профункционира салата за инванзивна и интервентна кардиологија во Битола — под раководство на д-р Ненси Лозанче и медицинските сестри Валентина Гачевска и Светлана Тодоровска како посветен тим – што значеше нова ера во кардиолошката грижа во Битола и регионот.

„Денес, на истиот овој симболичен датум, со огромно задоволство најавуваме дека тимот на Отсекот на инванзивна и интервентна кардиологија се збогатува со уште еден член – д-р Игор Спироски, специјалист интернист и супспецијалист интервентен кардиолог – кој заедно со постојниот тим ќе ги спојат искуството и визијата со нова енергија и експертиза“, објавија од Клиничка болница Битола.

Од болницата велат дека д-р Игор Спироски бил шеф на сала и долгогодишен член на ангио тимот во Скопје што претставува значајна вредност за битолскиот колектив.

„Како главен уредник на South East European Journal of Cardiology, д-р Спироски не го запира своето влијание – туку го проширува и во науката и иднината на медицината. Ова придружување значи нов импулс во работата на тимот – кој е насочен кон постојано унапредување на здравствените услуги и квалитетна услуга за пациентите. Зад секој медицински успех стои тим. Денес нашиот тим е побогат за уште една вредна алка“, стои во објавата на болницата.

Од почетокот на јули месец, интернистот д-р Васил Чипуровски е дел од тимот на Интерното одделение во Клиничката болница Битола, откако од 2019 година имаше своја приватна ординација во градот.

Во Битолската болница од приватното здравство премина и д-р Зоран Литовски специјалист дерматовенеролог со две децениско искуство.

Претходно во мај годинава, лекар од приватната клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје стана дел од тимот на Битолската клиничка болница и веќе го води Инфективното одделение во Битола. Д-р Хараламбос Сидиропулос, специјалист по инфектологија повторно го врати во функција Инфективното одделение во Битолската болница, откако установата остана без специјалист пред речиси две години.

Од минатиот месец во Клиничката болница Битола лекари специјалисти за онкологија и радиотерапија вршат прегледи во Онколошкото одделение во Битола. Ова следува откако Битолската болница доби согласност од министерот за здравство за соработка со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје. Скопските онколози доаѓаат во Битола секој петок.

Од минатата недела десет лекари од приватните специјализанти се вработија во Клиничката болница Битола.

Continue Reading

Претходно: Нови драстични казни во Грција: До 4.000 евра и затвор ако возите со телефон во рака
Следно: Летна мода, траен отпад: Како попустите го хранат текстилниот проблем

Поврзани вести

policija-8
  • Битола инфо

Битолчанец го терал 10-годишниот син да гледаат порничи и да се самозадоволуваат во викендица

Шеталиште 15/04/2026 13:01
VODOVOD - BITOLA
  • Вести
  • Битола инфо

Инкасантската служба на ЈКП „Водовод“ Битола ќе работи и во втора смена

Шеталиште 15/04/2026 11:51
IMG_2655
  • Вести
  • Битола инфо

Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола

Шеталиште 15/04/2026 11:41
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени 20260416124039_big_730x400_41 1
  • Прилеп инфо

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени

16/04/2026 12:20
Од јуни Прилеп и Битола ќе се поврзат со градски воз – нова ера во превозот во Пелагонија voz6-696x408-1 2
  • Регион

Од јуни Прилеп и Битола ќе се поврзат со градски воз – нова ера во превозот во Пелагонија

16/04/2026 12:18
Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал aerodrom--1536x1084 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

16/04/2026 11:50
Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите germansko-zname-650x396-2 4
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

16/04/2026 10:15
Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп nikoloski-660x500 5
  • Регион

Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп

16/04/2026 09:40

Можеби сте пропуштиле

20260416124039_big_730x400_41
  • Прилеп инфо

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе биде готов пред рокот, од јуни воз Прилеп-Битола-Жабени

Шеталиште 16/04/2026 12:20
voz6-696x408-1
  • Регион

Од јуни Прилеп и Битола ќе се поврзат со градски воз – нова ера во превозот во Пелагонија

Шеталиште 16/04/2026 12:18
aerodrom--1536x1084
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал

Димитар Петковски 16/04/2026 11:50
germansko-zname-650x396-2
  • Свет

Германија: Го намали данокот на горива и нема да ги оданочува бонусите

Шеталиште 16/04/2026 10:15

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани