Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

Битолскиот театар вечерва на фестивалот „Стериино позорје“ во Нови Сад

admin 30/05/2024 00:00
srpsko-narodno-pozoriste-730x375-1

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечерва ќе настапи на фестивалот „Стериино позорје“ чие 69 издание е во тек и се одржува во Српскиот народен театар во Нови Сад.

Во натпреварот за награди, битолчани ќе настапат со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ која во процесот на селекција беше избрана од д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар.

На петтото по ред учество на Стериино позорје ќе настапат актерките Сандра Грибовска-Илиевска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

Како што е познато, ансамблот на НУ Народен театар-Битола прв пат во Нови Сад настапи во 1977 година со претставата „Свадбата на Мара“ на Владимир Костов во режија на Љубиша Георгиевски, потоа во 1978 година со претставата „Време за пеење“ на Петре М. Андреевски во режија на Слободан Унковски, во 1987 година битолчани ја одиграа „Магна карта“ на Марио Роси во режија на Златко Свибен, а последен пат учествуваа во 1991 година со „Подземна република“ на Јордан Плевнеш во режија на Владо Цветановски.

Continue Reading

Претходно: Повторно пронајдени стари пушки и гранати на местото на поранешната касарна во Битола
Следно: Времето денеска сончево и топло, попладне пороен дожд

Поврзани вести

825340263_1531420949011849_1669215645152924696_n
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кино
  • Култура
  • Филм

Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 26/09/2026 13:02
59d91c01eb818b0eeaf78bde4952ed5a
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„FOREIGN TONGUE“ НА БОРИС МОЈСОВСКИ СИНОЌА ОСВОИ „SPIRIT OF CINEMA“ ВО ГЕРМАНИЈА, А УТРЕ ФИЛМОТ Е ПРЕД ПУБЛИКАТА НА „БРАЌА МАНАКИ“

Шеталиште 21/09/2026 18:19
IMG_6590
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Филм

Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 19/09/2026 23:17
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 1
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 2
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 3
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население + 4
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

08/10/2026 06:44
Сончево и релативно топло со мала локална облачност esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794 5
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

08/10/2026 06:43

Можеби сте пропуштиле

alkohol-prodazba
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

Шеталиште 08/10/2026 07:07
torta-
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03
DB2017AU01461_web_1600
  • Автомобили

Најпродавани компактни СУВ во Европа до август

Шеталиште 08/10/2026 06:57
horoscop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (08.10.2026)

Шеталиште 08/10/2026 06:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани