Битолските ракометни легенди со селфи фотографија на саботно кафе на Широк Сокак во Битола.
На фотографијата се: Димитровски Васко- Папа, Реваз Чантурија – Резо, Михаил Петровски – Пинки , Игор Тоскоски – Тосе и Златко Велјановски – Коко, за сите оние кои не ги познаваат или не знаат колку ‘вредат’ нивните кариери во “зелено-белиот” дрес на РК Пелистер или со еден коментар од битолската чаршија, овие се ‘нашите’ битолски ракометни легенди во предвечерието на сите оние ‘вистински’ звезди кои се поканети и помпата од едновечерен ревијален меч од рангот на: Душан Новокмет, Касим Каменица, Александар Мирзамамедов, Слободан Николиќ и многу, многу други.

Дали и колку се вклучени во ракометната платформа на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер битолските ракометни легенди е вредно да се запрашаме на отворена сцена и битно да се анализира. Се разбира на оние кои се во градот под Пелистер и најконзулскиот град на Балканот – нашата убава Битола.
Фотографија: Инстаграм ( Коко.33)

