Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Театар

Битолски театар и Бабец театарот ја воодушевија публиката во Шведска

Шеталиште 15/12/2025 09:11
IMG_5569

Екипата на Битолскиот театар со претставата ,,Ако останеш дома” по мотиви на Карој Сакони и екипата на Бабец театарот со „На гости кај Кате и Фреда“, по делото на Ингеборг Фон Задов, двете претстави во режија на Јован Ристовски, успешно се претставија во Трелеборг, Шведска каде гостуваа на покана на македонско шведското друштво Пелистер. Публиката воодушевена од двете претстави, ги поздрави актерите и режисерот со долготраен аплауз.

„Ви благодариме Васко и Јуле за прекрасната глума и емоциите што ги оставивте на ,,штиците што живот значат”. Ви благодариме и вам, наши гости и љубители на театарот, што ни покажавте и уште еднаш докажавте дека се’ додека има макар и еден посетител вреди да се изигра претставата. Со купените билети публиката го помага работењето на ,,Македонска Библиотека Трелеборг” и придонесува во развојот на македонската заедница во Шведска“, истакнаа организаторите.

,,Ако останеш дома” е драма во еден чин, во која главните улоги ги играат Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски. Секојдневна приказна во која се препознаваат млади брачни парови. Инспирацијата за претставата на режисерот му била секојдневието на обичните луѓе. Сценографијата на претставата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а продукцијата е  од сопствени средства на Битолскиот Народен театар.

Драмскиот детски текст “На гости кај Кате и Фреда” важи за еден од најдобрите германски современи драмски дела наменети за детската популација, односно за возраст од 5 +. Оваа исклучителна драма е важна бидејќи ја разработува темата за промени, инклузија, прифаќање и неприфаќањето на различностите и една од најважните теми – емпатијата.

„Глумците – фантастични, публиката уште пофантастична. Многу смеа и радост кај најмалите. Да ни се множат ваквите настани и насмевките кај децата драги Македонци“, додаваат организаторите.

Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катарина Аневска Дранговска, Марија Стефановска. За сцената и костимите се погрижи Јован Ристовски, дизајн  на светло Игор Мицевски. Премиерата на претставата беше изведена во рамките на ИДТФ Битолино, по повод 14.роденден на Бабец театарот.

IMG_5124
IMG_5126
IMG_5131
IMG_5564
IMG_5567

Continue Reading

Претходно: Полна сала во Битола за премиерата на „Утре наутро“
Следно: Gold Felicia Bitola ја најави новогодишната ноќ со ексклузивно Cabaret Show во главна улога

Поврзани вести

IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
tkajaci-na-film
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 12/08/2026 07:43
default
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Караванот „Силно светнал ден“ создаде незаборавна атмосфера пред Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 12/08/2026 07:34
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани