Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Битолски Abbey Road со над 1700 тркачи: ТРЧАЈ БЕ испиша нова страница во уличниот спорт и градската култура

Шеталиште 15/09/2025 07:50
546052735_1557289308591079_4539681955341855498_n

Повеќе од 1700 учесници од 15 земји, еден музички концепт инспириран од The Beatles и улици исполнети со еуфорија, костими, музика и спортски дух – така изгледаше вчерашната трка „Трчај бе со Алпско 2025“, седмото издание на најорогиналната улична тркачка авантура според многумина, во Македонија.

Годинава, како и сите претходни изданија трката доби нова тема – „Битолси“, како омаж на луѓето кои оставиле траги во Битола, а инспирирани од The Beatles, но и како симбол на битолската креативност, упорност и карактер. Широк Сокак се претвори во Abbey Road, со статисти облечени како култната четворка, 30 музички фан точки по целата патека и стотици насмевки од најмладите учесници до ветераните кои трчаат од првото издание.

„Трчај бе“ е повеќе од спорт. Тоа е проект кој секој септември добива нова приказна, нов визуелен код и симболика што поврзува луѓе преку заедничко движење. Темите низ годините беа од Форест Гамп на Широк Сокак, преку трка базирана на “Битолцизми”, па сè до ланската Филм ми е да трчам со Браќата Манаки, секогаш раскажувајќи за Битола како културна сцена што постои надвор од клишеата.

Маиците годинава дојдоа со дизајн инспириран од винтиџ концертен постер, а медалите, уникатно изработени за секоја дисциплина, беа замислени како колекционерски спомени на тркачкото искуство дело на дизајнерот Мартин Цветановски. Креативата е составен дел од идентитетот на оваа трка од самите почетоци, исто важна како километражата или рекордот.

Фан точките беа вистинска сензација – со настапи на Паркети, Дина Јашари, Herzel, Flooder, BBoy, Tsar Von Time, JOSS, DJ Tanja, Мартина Пенева, Emily nas za vas, Kunich, училишните бендови од Гимназијата Јосип Броз Тито…па патеката се претвори во најголемиот фестивал во градот на отворено. Настанот кулминираше со аплаузи за победниците и енергија што ќе се памети долго.

⸻

Победници по дисциплини

5 км – жени

1. Дарија Крстевска (АК Олимп) – 19:29

2. Радица Јованова (АК Атомик) – 21:27

3. Натали Радевска (ФИТ Концепт) – 21:34

5 км – мажи

1. Коста Петроски (АК Делта) – 15:41

2. Бојан Чаприќ (АК Делта) – 15:45

3. Ибраим Мамудов – 15:49

10 км – жени

1. Памела Ени (Бугарија) – 38:10

2. Мињана Ристиќ (АК Делта) – 38:39

3. Ирма Хајдари (АК Делта) – 40:09

10 км – мажи

1. Иво Балабанов (Бугарија) – 31:12

2. Григоријан Никовски (АК Делта) – 33:17

3. Алберт Абази (Ускана) – 35:57

Полумаратон (21.097 км) – жени

1. Маринела Нинева (Бугарија) – 1:19:59

2. Теа Божиновска (АК Скопски Маратон) – 1:24:35

3. Радостина Балова (Бугарија) – 1:27:19

Полумаратон (21.097 км) – мажи

1. Александар Арсов (АК Делта) – 1:13:38

2. Муџахид Муслимовски (Ускана) – 1:13:56

3. Жан Тосев (Струмица) – 1:14:38

Национално првенство во полумаратон 2025

Жени

1. Теа Божиновска (АК Скопски Маратон) – 1:24:35

2. Марина Домазетовска (АК Делта) – 1:40:53

3. Ана Шикоска (АК Делта) – 1:55:08

Мажи

1. Александар Арсов (АК Делта) – 1:13:38

2. Муџахид Муслимовски (Ускана) – 1:13:56

3. Жан Тосев (Струмица) – 1:14:38

Фотографи: Горан Кузевски, Ивона Кочов и Диоген Хаџи Коста Милевски

545925448_1350176489797791_7239199337117540251_n
546946536_811109318054810_3541310757898439607_n
547343907_2082513949242285_7195524812383731992_n
548344741_734402692927422_4302320853216697939_n
548336680_1359907142220846_6755088502682167969_n
547098796_798872215840425_4207306797956265130_n
549659540_724820153877604_2872476851008099907_n
548696228_1017414097079902_1100037833731046463_n
545881773_1439559653773302_5433165300135244521_n
546441073_1989023248519726_1971824685529760106_n
545853986_2197237214120911_3356795201279528422_n
545973382_2411330682595374_7533761394220588342_n
546274047_1516271169527712_571114981763449993_n
547700530_773520948938532_1756537105014203262_n
545936634_1710325377036445_7477932864775233494_n
547377759_2007575680056122_6649635913028311218_n
546481994_1300466814866588_2337976702999178760_n
545973382_741825432025492_8142595687364553968_n
546027863_24893768876901991_8702279237303898458_n
545908804_1124368009087502_5152753518006459926_n
545445942_745317965041975_4381295477269895029_n
546052735_1557289308591079_4539681955341855498_n
546163001_689256530114165_1882162624271073041_n
547206558_1342273947516232_4603993922092291626_n
546934814_5085295788361592_2581229134415823546_n
545586563_821381720408748_7593424243899640547_n
547106741_555155800993994_5501329506147986683_n
546606180_1117491186557268_2607358988963260819_n
545802676_1312176757166647_3269317390262914327_n
548176616_1284687766687809_6651372219860801866_n

Continue Reading

Претходно: Денеска и утре, втор уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола
Следно: Во Прилеп почнува детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“

Поврзани вести

FB_IMG_1773123179203
  • Вести
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Петмина Македонци избрани за општинскиот совет во Швајцарскиот – Ешален 

Димитар Петковски 10/03/2026 06:23
tomovski
  • Вести
  • Ракомет
  • Свет
  • Спорт

Мартин Томовски двоцифрен против неговиот прв клуб во Германија

Димитар Петковски 09/03/2026 11:52
20260309102644_big_730x400_30
  • Битола инфо

Стариот музички механизам од битолскиот градски часовник наскоро во Офицерски дом

Шеталиште 09/03/2026 09:45
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

Денес се празнува Свети Тарасиј, патријарх Цариградски sv-tarasij-564x460 1
  • Македонија

Денес се празнува Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

10/03/2026 08:46
Пад на цените на нафтата nafta-1-2-1 2
  • Економија

Пад на цените на нафтата

10/03/2026 08:44
Петмина Македонци избрани за општинскиот совет во Швајцарскиот – Ешален  FB_IMG_1773123179203 3
  • Вести
  • Македонија
  • Регион
  • Свет

Петмина Македонци избрани за општинскиот совет во Швајцарскиот – Ешален 

10/03/2026 06:23
Дизелот од полноќ поскапува за 14,5 денари nis_piu_motorno_gorivo1-1 4
  • Економија

Дизелот од полноќ поскапува за 14,5 денари

09/03/2026 12:25
Пронајдено безживотно тело на 64 – годишен маж во Прилеп Pc36a-policija-soobrakajna-nesreka-701x549-2 5
  • Прилеп инфо

Пронајдено безживотно тело на 64 – годишен маж во Прилеп

09/03/2026 12:23

Можеби сте пропуштиле

horoscop-1
  • Астрологија

Дневен хороскоп (10.03.2026)

Шеталиште 10/03/2026 08:48
sv-tarasij-564x460
  • Македонија

Денес се празнува Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

Шеталиште 10/03/2026 08:46
nafta-1-2-1
  • Економија

Пад на цените на нафтата

Шеталиште 10/03/2026 08:44
Santorini-domes-ss
  • Патувањa

Војната го менува туризмот: Се поголем интерес за патувања во Европа

Шеталиште 10/03/2026 08:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани