Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Битолчани од денес можат да ја следат моменталната состојба на автобусите на линиите, апликацијата подарок од Ротари клуб Битола

admin 27/03/2025 00:00
bus-10

Граѓаните на општина Битола и сите посетители на општината, од денес имаат можност за следење на моменталната состојба на автобусите на линиите кои ги одржуваат низ Битола преку апликацијата „Bitola City Bus“.

Oваа апликација е донација на Општина Битола од Ротари клуб Битола, во вредност од 1.500.000 денари за „Зелена Битола“.

Проектот, за кој општината покажа голем интерес, вклучи: набавка и инсталација на 14GPS уреди во автобусите на општинскиот линиски превоз, изработка на апликација за мобилни телефони (Android и iOS) „Bitola City Bus“, веб страна и веб домејн bitolacitybus.mk, печатена сигналитика (во форма на мал постер или ознака) на примарните автобуски постојки за постоење на апликациите и вебсајтот, хостирање на апликациите во облак и одржување на мрежно поврзување на GPS уредите (мобилен интернет), 14 SIM картички и тековно одржување на техничкото решение.

–Низ проектот „За ЗЕЛЕНА БИТОЛА“ придонесуваме во креирање на чиста и зелена Битола и подобрување на целокупниот квалитет на животната средина во градот. Промовираме и поддржуваме одржливи практики и вклучување на заедницата. Демонстрираме водство во сферата на екологијата. Покренуваме иницијатива за поттикнување на користењето на јавниот градски превоз, оставање на возилата и делување за почист воздух, здрава средина и зелена Битола, рече на денешниот настан за промоција на апликацијата, Проф Д-р Јасмина Буневска од Ротари клуб Битола.

Претседателот на Ротари Клуб Битола, Пеце Ѓаковски, во своето обраќање стави акцент на значајните проекти на Ротари Клуб Битола и одбележувањето на 90 годишнината од формирањето на клубот.

Професор д-р Никола Крстаноски, експерт за одржливи урбани системи, говореше на тема: „Атрактивен јавен градски превоз како клучен елемент на политиката на одржлива урбана мобилност“.

Професор д-р Илија Јолевски од Факултетот за информатички и комуникациски технологии Битола и носител на активностите за проектот како член на Ротари клуб Битола, ја презентираше апликацијата „Bitola City Bus“, пред присутните на денешиот настан.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека општината со задоволство ја прифати оваа иницијатива од Ротари клуб Битола, која денес овозможува конкретна услуга од која граѓаните треба да имаат значаен бенефит.

-Сакам да изразам огромна благодарност до Ротари клуб Битола за оваа донација, која верувам ќе помогне прво за подобрување на услугата на јавниот градски превоз, но и за привлекување на граѓаните да ги остават возилата и да користат јавниот превоз. Морам да напоменам дека ова е уште една дигитална алатка која треба да го олесни секојдневното функционирање, покрај она што веќе го воведовме изминатиот период, но и она што ќе следува наскоро, а тоа е електронското аплицирање за субвенции, кое ќе ги замени големите редици пред општинските шалтери. Верувам, дека на овој начин, со заедничка соработка, можеме да постигнеме многу повеќе и подобри резултати за Битола, во сите области“, рече градоначалникот Коњановски.

Град0началникот нагласи дека општината и во иднина ќе ја продолжи соработката со Ротари клуб Битола, но и со сите останати субјекти, кои сакаат да дадат придонес за подобри услови во заедницата.

Continue Reading

Претходно: Неколку совети од стоицизмот за пребродување на тешките времиња
Следно: Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар- засега нема информации за жртви

Поврзани вести

4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42
tajfun-bavi-tajvan
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

Шеталиште 11/07/2026 07:39
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 1
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 2
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 3
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39
Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија kuba-struja 4
  • Вести
  • Свет

Милиони жители на Куба повторно останаа без електрична енергија

11/07/2026 07:34
Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците Srebrenica 5
  • Вести
  • Регион

Сребреница одбележува 31 година од геноцидот врз Бошњаците

11/07/2026 07:32

Можеби сте пропуштиле

DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Policija-Berlin
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

Шеталиште 11/07/2026 07:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани