Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Забава
  • Интервју
  • Патувањa

Битолчанката која неколку пати ја посетила Аргентина и лудото Суперкласико за кое сите сонуваат

Димитар Петковски 21/12/2025 22:56
Screenshot_20251221_235107_Gallery
Шеталиште – Мартина Петровска е родена битолчанка но голем љубител на фудбалот и патувањата посебно во нејзината омилена Аргентина. Најпрво ти благодариме што прифати да зборуваш за нашиот портал и да те запознаеме подобро ние но и сите наши читатели ширум светот.
1. Мартина Петровска – Јас сум родена во Битола, се разбира како и сите битолчани, и мене првите средби со спортот ми беа со името на Пелистер.
Дербито помеѓу нашиот ФК или РК Пелистер против Вардар е “Must to go” за секој битолчанец но и за секој љубител на фудал или ракометен фан. А поради нашите верни навивачи -Чкембари се прави добра атмосфера, секогаш е полна салата во Битола што за тоа сведочат сите ЛШ натпревари на нашите зелено-бели.
Јас искрено не знам многу професионално за спортот, го следам само поради емоциите што ги пренесува.
2.Шеталиште – Мартина овој пат од Битола мораме нашиот разговор да го преселиме кон земјата на сонцето – Аргентина и преку твоите импресии подетално да ни раскажиш за твојата омилена љубов Бока Јуниорс?
2. МП – Љубовта кон Аргентина е нешто посебно за мене, ја имам посетено неколку пати туристички, но секако и поради фудбалот. Покрај Малага, мој омилен клуб ми е Бока Јуниорс. Патот до натпреварот на Бока е тргнлив и долг буквално кажано. Или тоа пластично кажано изгледа според оваа хронологија.
Во Аргентина е многу тешко да се дојде до влезници, затоа што само партнерите на клубот имаат право на карти, па мора да најдеш преку препродавачи или агенција.
Стадионот на Ривер е голем, па преку агенција може да се најдат карти по разумна цена. Јас платив 250 евра за карта, во која беше вклучен превоз и човек кој ни ја раскажа историјата на клубот.
Во Аргентина има класна поделба – не е само Ривер против Бока како вечни ривали, туку многу повеќе од тоа. Ривер сакаат да прикажат дека се „Европјани“, покултурни на стадион, додека Бока е вечна забава и вистинска слика на латино-страста.
Навивачите на Ривер ги нарекуваат фановите на Бока „црни“ и „Боливијци“, давајќи до знаење дека тие се со пари. На тоа Бока има добар одговор – од Бока има и црни и бели, и од Боливија, и од Кина, од целиот свет, па дури и од Македонија.
По натпреварот со Ривер, имав можност да гледам и Бока против Индепендиенте.
Атмосферата на стадионот е единствена – немам видено толку моќна енергија никаде. Оваа година го гледав и дербито Бока – Ривер, што е сон на секој навивач. Сè помина без инциденти.
Во Аргентина е забранета публика од спротивната екипа, а има голема почит кон жените и децата, кои ги има во огромен број.
Влезниците за Бока се многу комплицирани – стадионот е мал, а има луѓе што чекаат и по 15 години да станат партнери.
Преку агенција, картите се од 600 до 1200 евра, а друга опција е да купиш карта од партнер што нема да оди на натпреварот, по цена од 200 до 300 евра.
Потребно е големо внимание, бидејќи има многу лажни карти. Цел натпревар се пееше, се навиваше, се славеше – и имавме победа. Патот беше долг, но вредеше за ова искуство.
3. Шеталиште – Кажи ни нешто повеќе за твоите посети вo eгзотичната Малага на југот од Шпанија ?
3. МП – Следните натпревари ми беа во Малага, Шпанија. Во Шпанија бев подолго време и имав можност да гледам околу 20 натпревари од втората шпанска лига.
Повеќето беа домашни, на нивниот стадион „Ла Росаледа“, а имавме и неколку гостувања со ултрасите во други шпански градови.
https://setaliste.mk/wp-content/uploads/2025/12/2.mp4
Влезниците за шпанските клубови се купуваат преку веб-страницата на клубот и цените се движат од 20 до 150 евра, во зависност од местото каде што седиш и со кој тим се натпреваруваат. Да си од друга држава и да навиваш за Малага е реткост – обично сите навиваат за Барселона или Реал Мадрид.
Јас некако ја добив љубовта од фановите таму.
Сите сакаа да знаат повеќе за Македонија, им беше интересно како некој од нашата држава станал навивач на Малага. Постојано доаѓаа да се поздрават на стадион, фамилијарно ме викаа да ме почестат со ручек и бев некако „заштитена“ од ултрасите таму.
Цело време на натпреварите одев со другар ми и неговата девојка. Љубовта кон клубот ја добив токму од него – кога го запознав, првото нешто што го направи беше да ми ги каже навивачките песни за Малага. Иако Малага моментално е на лоша позиција, фановите не престануваат да го полнат стадионот. Атмосферата е прекрасна, секогаш има дочек на фудбалерите и таму не се оди за да се види како Малага победува, туку за да се поддржи клубот. Секако, сите сонуваат еден ден да се врати онаа Малага со Иско и во прва лига.
https://setaliste.mk/wp-content/uploads/2025/12/20211205_163150.mp4
4. Шеталиште – Во твоето последно патување пред неколк недели покрај Аргентина ти беше присутна и на неколку фудбалски дерби натпревари и во Бразил. Пренеси ни ги твоите импресии за Бразил.
4. МП – Кога веќе бев во Аргентина, имав можност да одам и во Бразил – Рио и Сао Пауло. Неверојатно е дека тие два града припаѓаат на иста држава.
Во Рио гледав Фламенго против Флуминенсе – пеење, радост, сила, без ниту една секунда пауза. Луѓето се повесели, со повеќе среќа во очите.
Во Сао Пауло гледав Палмеирас против Флуминенсе. Иако стадионот беше полн, атмосферата не беше иста – повеќе се слушаа малкуте гостински навивачи.
За да купиш карта во Бразил, мора прво да се регистрираш на веб-страниците на клубовите, да скенираш лични документи и слика.
Цените се до 50 евра, но јас избрав агенција – посигурно и не беше скапо.
Има многу митови дека Латинска Америка е опасна.
Не ја негирам таа можност, но јас лично никогаш не се почувствував несигурно. Секогаш чувствував љубов од луѓето каде и да одев и прифаќање за тоа колку долг пат сум направила за да го гледам мојот тим.
И за крај сакам да споделам со вас дека за мене патувањето, отсекогаш било повеќе од обично менување на локации. Тоа е начин да се запознаат нови култури, луѓе и обичаи, а речиси секое мое патување е поврзано и со гледање фудбалски натпревар.
Преку спортот имам можност да зборувам со локалните луѓе, да слушам приказни за нивните традиции и за тоа како станале навивачи на својот клуб.
Тие приказни често се слични на нашите, пренесени од дедо на татко, а понекогаш се и многу полуди. Но, едно е сигурно – емоцијата е иста насекаде, од Пелистер па сè до Бока.
Љубовта кон клубот никогаш не се менува.
Новинарскиот тим на Шеталиште ти се заблагодарува за одвоеното време и искрениот разговор. И ти посакуваме уште многу патувања и успех како во приватниот така и на професионално поле.

Continue Reading

Претходно: МТЕЛ СУПЕР ЛИГА: Гевгеличани триумфално на гостински терен во Битола против Пелистер
Следно: Свечено отварање на Спомен соба на Кирил Македонски во битолскиот Завод и музеј

Поврзани вести

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
asd
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Лина Ѓорческа по 162 минути „борба“ вчера поразена на турнирот во Рим против италијанката Дебора Киеза

Димитар Петковски 14/07/2026 08:18
2345678
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Квалификации за ЛШ: Вардар во финска мисија, домаќинот Купс нуди “стриминг” за пет евра!

Димитар Петковски 13/07/2026 18:53
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг 4567 1
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

14/07/2026 20:10
Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус et5a3229-1024x683 2
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

14/07/2026 12:10
Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект img-7234b6b7fd1d45f4a19eebff6cc9c3d1-v-696x464 3
  • Прилеп инфо

Прилеп два дена ќе има нарушено снабдување со вода, се санира голем дефект

14/07/2026 12:06
Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство klekovski-aliu-696x463 4
  • Македонија

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

14/07/2026 10:25
Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал onlajn-pazaranje-pxb-1 5
  • Економија

Онлајн купувањето во Македонија расте: Е-трансакциите надминаа 265 милиони евра во првиот квартал

14/07/2026 10:08

Можеби сте пропуштиле

4567
  • Вести
  • Ракомет
  • Спорт

Кипријановска стана првото засилување на полскиот Енерга Старт Елблаг

Димитар Петковски 14/07/2026 20:10
Felicia 5ti rodenden-Recovered
  • Промо

Gold Felicia одбележува 5 години успешна приказна со свечена роденденска прослава, Cabaret Show и 30% попуст за сите гости

Шеталиште 14/07/2026 14:05
b_260713049
  • Рецепти

Искористете ја сезоната на цреши со сочен домашен колач кој се подготвува без многу труд

Шеталиште 14/07/2026 12:12
et5a3229-1024x683
  • Регион

Жените од Пелагонија првпат добиваат поблизок пристап до медикаментозен абортус

Шеталиште 14/07/2026 12:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани