Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Божиновска: Чебрен ќе стане факт, ќе ја вратиме енергетската моќ кај нас, ќе инвестираме и модернизираме

Шеталиште 25/06/2025 15:00
Sanja Bozinovska

Чебрен ќе стане факт, тоа е потврда дека секој мегават од таа брана што ќе се гради ќе биде чекор кон нашата енергетска независност, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството.

Таа најави дека за многу кратко време ќе се знае како ќе се реализира проектот за хидроцентралата за која досега имаше 14 неуспешни тендери, целосно од страна на државата или со јавно-приватно партнерство. Износот на инвестицијата е минимум милијарда евра, а се проценува дека ќе достигне милијарда и 300 милиони евра.

– Препораката на експертите од работната група за Чебрен и Галиште беше дека проектот треба да е наш, во државна сопственост. Сега проверуваме колку тоа би чинело, минимумот е милијарда евра, бројката достигнува до милијарда и триста милиони евра. Буџетот знаете каков ни е, имаме повеќе опции, ќе видиме што е најисплатливо за нас како држава бидејќи милијарда и 300 милиони не е мала бројка. Најубаво е да биде наш, македонски, но треба да се договориме колку финансии ни се потребни веднаш бидејќи тоа е проект кој ќе се гради осум години. Да видоме што значи тоа финансиски за нас, дали ќе биде 100 проценти наш или јавно-приватно партнерство што ќе го знаме се надевам за многу кратко време,  рече Божиновска на новинарско прашање.

Таа уверува дека Владата не се откажала од проектот Вардарска долина на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10.

– Не сме се откажале од ништо, разговараме со министерот за транспорт, тоа ќе видиме, мислам дека се работи  на трасата. Не сме се откажале од ништо што е бенефит,  наведе министерката Божиновска.

Презентирајќи го сработеното, рече дека една година по основањето на Министерството за енергетика е изградена институција што ја движи енергетиката. Потенцираше дека цената на струјата останува иста односно цела оваа година ќе остане непроменета, а луѓето ќе имаат дома топлина, светлина, енергија за своите бизниси. Особено го истакна и значењето на новиот Закон за енергетика.

Наведе дека на тендерот за интереконкторот со Грција добивме 12 милиони евра пониска цена и оти е вклучена македонска фирма и најави дека до 10 јули ќе има свеченост за старт на работите на гас конекторот.

–  Лани поделивме 6000 ваучери за инвертер клими, се надеваме дека и до крајот на годната ќе имаме уште една таква акција, 60 милиони денари за ранливите потрошувачи, 7000 домаќинства ќе добиваат струја од фотоволтаици кои се поставени на некогашните рудници. Во рударството се надевам сите забалежаа дека има големи промени, спроведовме 405 инспекции, одземавме дозволи на оние што не ги почитуваат правилата, го зголемивме тарифникот за концесии, во првиот квартал наплативме 247 милиони денари, двојно повеќе од лани, го полниме Буџетот, соопшти Божиновска.

Таа посочи дека се инвестира во паметни мрежи и се јакне регионалната соработка. – Го менуваме начинот на размислување, претходно немаше институција која ќе се грижи за нашите енергетски објекти, воведуваме ред, контроли, инспекции. Сите да бидеме свесни дека ова е сериозен предизвик и не може да реагираме толку бргу, но ги поставивме темелите. Правиме и контроли,  тука немаме компомиси, работиме транспарентно,  посочи Божиновска.

Според неа, изминатата година била доказ дека  можеме многу, но, потенцира, ова е само поттик, нема да застанеме тука,  работиме на уште шест закони.

– Се надеваме дека ќе ја вратиме енергетската моќ кај нас, ќе инвестираме, ќе модернизираме. Сакаме да ја имаме Македонија енергетски силна, економси стабилна и еколошки чиста, порача министерката за енергетика.

На презентацијата беше истакнат десетгодишниот план за развој на преносната мрежа, паметни броила – без паушали, со јасни сметки, батериски системи со обврска за складирање 20 проценти од произведената енергија за заштита на мрежата, воведена е методологија за енергетска сиромаштија, обезбедена е забрана за исклучување на струја  во зимските месеци за ранливите домаќинства.

Според Божиновска, се гради независен и модерен енергетски систем, се модернизираат традиционалните капацитети, се градат нови обновиви извори на енергија и се развиваат регионалните интерконекции. Потпишан е договорот за интерконекторт со Грција – 68 километри гасовод, активиран е проектот за енергетско поврзување со Албанија, за што е објавен тендер, а стартот се планира за следната година. За проектот за гасна мреа со Србија, пак, е отпишан Ммеорандум, студите се готови о се работг на хидроген компонентата. Со инвестициски циклус во преносната ионфратсруктура се ветува крај на ризиците од испади со нова трансформаторска станица ТЦ Битола 2, за сигурност на снабдувањето за Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп.

– Затекнавме исцрпени хидролошки капацитети- водостој на критично ниво од 4 проценти, а со внимателно и одговрно менаџирање, година подоцна водостојот е над 50 проценти капацитет, посочи Божиновска.

Од инвестиците во чиста енергија  потпишани се договори за фотофолтаични електрани на поранешни  рудници: „Битола1“ и „Осломеј“ од 46 GWh годишно за 7.000 домаќинства, со пет милиони евра грант од ЕУ, „Битола 2“ – 47,3 милиони евра, како нов инвестициски циклус преку КФВ, почната е втората фаза од ветерниот парк Богданци, што ќе значи четири нови турбини од 15 MW, енергија за 6.000 домаќинства, а инвестиција од 37,6 милиони евра.

Божиновска, потенцирајќи дека е модернизиран пазарот на енергија, потсети дека првпат е издадена зелена гаранција за потекло на електрична енергија  на АД ЕСМ во мај годинава за хидропроизвдоство од Козјак, Вруток. Исто така, во февруари почна тргување во евра на Македонската берза на електрична енергија, има нови тендерски правила за снабдување, индексирани според македонската берза, се развиваат модели за CfD аукции и спојување на пазарите со европските берзи, а МЕМО од 5 јуни и официјално е нзаначен за Нминиран оператор на пазарот на електрична енергија.

Од Министерството најавуваат дека до крајот на годинава  ќе се донесат закони за обновливи извори, за енергетска ефикасност, за јавно-приватно партнерство, за геологија и рударство со кој првпат се заштитува македонскиот рубин како национално богатство. Една година по основањето Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, има 109 вработени, 53 жени и 56 мажи.

Continue Reading

Претходно: Чупеска: Министерството за правда ја саботира реформската агенда
Следно: Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ почнува со народни трибини низ целата држава, вечер во Прилеп, ги градиме темелите на Македонија, твоето време доаѓа

Поврзани вести

20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
Granicen premin Bogorodica
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

Шеталиште 07/08/2026 08:28
Ministerstvo-za-zdravstvo
  • Македонија

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација

Шеталиште 07/08/2026 08:23
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто 20260807131324_big_730x400_10 1
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

07/08/2026 11:16
Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца 20240806141846 2
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

07/08/2026 09:33
Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак 20260807104653_big_730x400_13 3
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

07/08/2026 09:30
Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер 20260807111234_big_730x400_54 4
  • Битола инфо

Поставени нови камери за мониторинг во националниот парк Пелистер

07/08/2026 09:29
Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања Granicen premin Bogorodica 5
  • Македонија

Зголемен сообраќај низ Македонија, на границите засега без подолги чекања

07/08/2026 08:28

Можеби сте пропуштиле

20260807131324_big_730x400_10
  • Економија

Инфлацијата во јули 2026 година во однос на претходниот месец е 0,1 отсто

Шеталиште 07/08/2026 11:16
20240806141846
  • Македонија

Денес се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица: Еве што треба да направат мајките кои не можат да имаат деца

Шеталиште 07/08/2026 09:33
20260807105447_big_730x400_49
  • Кошарка

КК Пелистер потпиша договор со младински репрезентативец

Шеталиште 07/08/2026 09:31
20260807104653_big_730x400_13
  • Прилеп инфо

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Шеталиште 07/08/2026 09:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани