Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Борче Марковски од „Марковски компани“ пуштен од притвор, битолскиот Суд со свое објаснување

Шеталиште 24/01/2026 10:27
rek-bitola

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски за да биде пуштен од притвор.

Одлуката ја донел Основниот суд во Битола иако претходно битолското Обвинителство се изјаснило негативно по неговото барање.  Судот донел одлука за мерки на претпазливост, односно еднаш неделно да се јавува во судот. Привремено му е одземен пасошот.

Од Обвинителството дале и приговор во однос на надлежноста на Кривичниот совет од битолскиот Суд, бидејќи сметале дека Апелационит суд треба да одлучува. Во јануари годинава битолското Обвинителство поднесе обвинение против  Борче Марковски и уште двајца вработени во фирмата, како и против петмина поранешни раководители во РЕК Битола, меѓу кои и поранешниот директор Пеце Матевски. Марковски беше во  притвор по апсењето на 9 октомври. Тој и уште седум лица се сомничат дека незаконски наплатиле над 1, 7 милиони евра од РЕК Битола, иако дел од договорените работи не биле извршени.

Тој  е  во центарот на аферата со ископ на јаглен за „РЕК Битола“ со години важи за највлијателен  во регионот. Неговата компанија, основана во 2002 година, во 2024 година остварила  приходи од над 45 милиони евра, сума која ја позиционира меѓу најголемите градежни фирми во Македонија. „Марковски Компани“ со години добивала  огромни договори во РЕК Битола, ископ на јаглен, јаловина, одржување и механизација. Најголемиот тендер во 2023 година беше вреден рекордни 46 милиони евра.

Во врска со ова, денеска со соопштението до јавноста реагираше и Основниот суд Битола. Во него, на крајот се вели:

Во интерес на јавното мислење напоменуваме дека со обвинението осомниченото физичко лице се терети дека незаконито заради незавршени работи, на осомниченото правно лице му била исплатена имотна корист во вкупен износ од 106.200.000,00 денари, од кои 90.000.000,00 денари, претставуваат надомест за вршење на договорни услуги, а 16.200.000,00 денари, претставуваат износ на ДДВ по стапка од 18%.

„Со привремените мерки замрзнати му се парични средства од  4.073.643,00 денари и 572,97 евра, како и финансиските средства кои се наоѓат на сметките на осомниченото правно лице во износ од 2.813.636,00 денари. Гаранцијата е определена на износ од 303.879.265,00 денари или 4.937.317 евра, што значи дека гаранцијата е скоро три пати повисока од евентуалната имотна корист, а и му се замрзнати финансиски средства. Крајно од страна на Основното јавно обвинителство Битола дадено е позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата во износ од 169.286 евра – во недвижен имот, за едниот осомничен. Друго е прашањето и зошто од 9 (девет) обвинети, во текот на истражната постапка само за двајца е предложена мерка притвор од страна на Основното јавно обвинителство Битола.“

Целото соопштение на Основниот суд Битола можете да го прочитете на следниот линк.

Continue Reading

Претходно: Бранителот на трофејот за противник го доби лидерот во Втората лига, Струга ќе се соочи со Шкендија
Следно: СДСМ го одржува 31. Конгрес

Поврзани вести

IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
FB_IMG_1784100985560
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Македонија
  • Настани

Со извонредниот концерт на “Ningbo Symphony Orchestra”, започна 56. издание нa „Илинденски денови“ во Битола

Димитар Петковски 15/07/2026 08:55
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет IMG_5270 1
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

16/07/2026 16:12
„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски! Screenshot 2026-07-16 164959 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

16/07/2026 14:52
Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион czarina-696x696 3
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

16/07/2026 11:20
250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила SUP-board 4
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

16/07/2026 11:19
Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269 5
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

16/07/2026 08:35

Можеби сте пропуштиле

IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20
SUP-board
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

Шеталиште 16/07/2026 11:19

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани