Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Бојан Бојкоски е избран за нов претседател на Советот на Општина Битола

Шеталиште 05/11/2025 12:12
Bojan-Bojkoski

Бојан Бојкоски е новиот претседател на Советот на Општина Битола. На денешната седница, тој официјално ја презеде функцијата, истакнувајќи дека ја прифаќа со голема чест, одговорност и посветеност кон граѓаните.

Во своето обраќање, Бојкоски им се заблагодари на советниците и на битолчани за довербата, нагласувајќи дека овој мандат ќе биде насочен кон реализација на што повеќе развојни проекти. Тој потенцираше дека поддршката од Владата е клучен двигател за напредокот на општината, обезбедувајќи финансиски средства и институционална помош за инфраструктура, образование, спорт и јавни услуги.

„Граѓаните не чекаат ветувања, тие очекуваат резултати“, порача Бојкоски, истакнувајќи дека реализацијата на проектите мора да биде побрза и поквалитетна. До градежните компании упати јасен апел да ги почитуваат роковите и стандардите, најавувајќи санкции за доцнење и неквалитетна изведба.

Новиот претседател посочи дека Советот мора да стане место на конструктивна дебата, а не на лични навреди и политички пресметки. Тој најави дека нема да толерира недолично однесување и додаде дека очекува одлуките да се носат со консензус и во интерес на граѓаните.

Бојкоски најави и унапредување на Деловникот за работа, модернизација и дигитализација на Советот, со цел поголема ефикасност, транспарентност и достапност за јавноста.

„Битола заслужува совет што гради, а не совет што кочи и разединува. Само обединети можеме да создадеме подобра Битола“, порача тој.

Со новата поставеност и најавените реформи, Советот на Општина Битола влегува во мандат исполнет со очекувања за реални промени и видлив развој.

Фото: Бојан Бојкоски Фејсбук профил

Continue Reading

Претходно: Заедничка акција за уредување на јавни простори во соработка со Управата за извршување на санкции
Следно: “Вечното дерби” го доби Вардар, Чкембари и Комити на трибините во Битола(Видео)

Поврзани вести

policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04
3policija-420x240-138854-1
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

Шеталиште 14/09/2026 13:59
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Скопје гледа кон Чаир и посакува за прв триумф во елитата

Димитар Петковски 14/09/2026 10:15
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините nis_piu_motorno_gorivo1-1 1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

14/09/2026 14:16
СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана policija_1000x666-1 2
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

14/09/2026 14:04
43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност 3policija-420x240-138854-1 3
  • Битола инфо

43 – годишен битолчанец си доби кривична пријава поради општа опасност

14/09/2026 13:59
Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си policija-8 4
  • Прилеп инфо

Прилепчанец среде ноќ со дрвен предмет ја натепал ќерка си

14/09/2026 13:54
Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги 20260914152710_big_730x400_34 5
  • Македонија

Македонската царина со нова опрема, информатичка инфраструктура и 26 возила за царински контроли и истраги

14/09/2026 13:52

Можеби сте пропуштиле

etna-vulkan
  • Патувањa

Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна

Шеталиште 14/09/2026 14:17
nis_piu_motorno_gorivo1-1
  • Економија

Се намалува цената на дизелот, растат цените на бензините

Шеталиште 14/09/2026 14:16
20260914094626_big_730x400_40
  • Рецепти

Вкусен ручек за целото семејство: Потпечени макарони со спанаќ

Шеталиште 14/09/2026 14:07
policija_1000x666-1
  • Битола инфо

СВР Битола: Битолчанец ја нападнал својата партнерка, приведување за марихуана

Шеталиште 14/09/2026 14:04

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани