Битола инфоВести

Брзо и без контрола се вози во Битола, за шест часа, полицијата казни 127 возачи

Денеска во периодот од 11.00 до 17.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 127 возачи.

„Од нив,88 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, највуваат тие.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, додаваат од  МВР.

Поврзани новости