Сакате брз и вкусен ручек? Тогаш идеално за вас е вкусна паста карбонара..
Состојки:
300gr сланина исечкана
1 пакетче шпагети
200ml слатка павлака
3 јајца
1 супена лажица магдонос
150gr пармезан
масло
сол
црн бибер
лук по желба
Подготовка:
- Ставете ги шпагетите да се варат во доволно количество солена вода. Кога ќе бидат готови, тргнете ги настрана и исцедете ја водата.
- Исечканата сланина и исечканиот лук ставете ги во тавче да се пржат во мало количество масло.
- Кога сланината ќе стане крцкава, а лукот ќе добие златна боја, додајте ја слатката павлака. Откако ќе започне да врие оставете ги состојките да се готват уште неколку минути (павлаката треба да добие бледо жолта боја).
- Кон смесата додајте ги и јајцата. Многу луѓе ги користат само жолчките. Гответе уште 3-4 минути.
- Зачинете со магдонос и црн пипер.
- Можете да ги ставите шпагетите во тавчето со сосот и внимателно да го распоредите сосот низ нив или да ги ставите во чинија прво шпагетите, а потоа да ги прелиете со сос.
- Врз шпагетите ставете пармезан. Украсете со гранче магдонос.

