Рецепти

Брз и здрав ручек: Печени модри домати со моцарела

Овој рецепт е едноставен,  па може да го правите дури и ако не сте премногу вешти во кујна.

Ако сте во потрага по поразличен рецепт за ручек, тогаш одлучете се за овие полнети модри домати.

Комбинацијата на доматите и моцарелата со свежиот босилек на крај, ќе ви даде одличен вкус, а може да го подготвите и како прилог за кога пречекувате гости.

Потребни состојки:

  • 2 средни модри домати
  • 2 лажички маслиново масло
  • Сол и бибер по вкус
  • 100g мелени домати од конзерва
  • 1 чешне лук, изгмечено
  • 170g моцарела
  • Свеж босилек, исечкан

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и обложете тавче со алуминиумска фолија.
  • Модрите домати исечете ги на половина. Потоа со нож нежно направете рез, внимавајќи да не ја дупнете кората. Додајте маслиново масло, сол и бибер по вкус.
  • Така подготвените модри домати печете ги во рерна околу 30 минути, па потоа извадете ги и оставете ги да се оладат.
  • Кога ќе се оладат, извадете го внатрешниот дел со лажица. Извадената смеса исечкајте ја на коцки и ставете ја во сад.
  • Додајте ги доматите, лукот, бибер и сол по вкус.
  • Во тава за печење додајте малку од доматите од конзерва на дното.
  • Одозгора ставете ги модрите домати и наполнете ги со подготвениот фил. На крајот ставете ја моцарелата.
  • Печете околу петнаесетина минути, додека не се стопи моцарелата.
  • На крај одозгора ставете свеж босилек.

recept-za-polneti-modri-patlidjani-so-domati-i-mocarela-03.jpg

recept-za-polneti-modri-patlidjani-so-domati-i-mocarela-02.jpg

Поврзани новости