НАЈНОВО

Македонија

Бубевски: Ќе биде издадена меѓународна потерница за Палевски

Од тројца од сите петмина инволвирани во кривичното дело имаме признание за целиот ангажман и кој какви дејствија презел и кој за што бил задолжен, Ова денеска го истакна шефот на Скопското јавно обвинителство, Гаврил Бубевски на прес-конференција.

Според него, ова дело се казнува најтешко што може како казна според законите во земјава.

-Ќе биде издадена и меѓународна потерница за лицето кое не е во државата. Мотивот е користољубие, но при грабнувањето, веќе е чисто убиство и се казнува најстрого според Кривичниот законик, рече Бубевски.

Љупчо Палевски-Палчо е лицето кое ја убило малолетничката Вања Ѓорчевска. Тој во моментов не е достапен за органите на прогонот.

Извор: Локално

Поврзани новости