Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
bashkimi-2-1536x1111

Екипите на Башкими и Вардар ги поделија бодовите во  меч исполнет со многу пресврти и дури шест погодоци. Домаќините влегоа подобро во натпреварот и уште на самиот почеток создадоа сериозен притисок. Луис Рибеиро во два наврати опасно се закани кон голот на Вардар, но голманот Талески беше на висина на задачата и не дозволи изненадување. Сепак, во третиот обид Башкими дојде до посакуваното водство — по одлично изведениот корнер, Фати Исмаили највисоко скокна и со прецизен удар со глава затресе за 1-0. Набрзо потоа, Маимона имаше извонредна можност за втор гол, но Талески повторно со сигурна интервенција ги спаси гостите.

 

На спротивната страна, Вардар се обиде да возврати кога Омерагиќ убаво ја смири топката и го проигра Спахиу, чиј удар замина над пречката. Казната стигна во 32-рата минута.  По брзиот противнапад, Рашид вешто го заобиколи излезениот Талески и низ нозете на Најдовски ја испрати топката во мрежата за убедливи 2-0. Гостите сепак успеаја брзо да се вратат во игра пред паузата: во 38-мата минута Јанкулов проби и центрираше, а одбиената топка од домашната одбрана стигна до Бабунски, кој ладнокрвно погоди во незаштитениот агол за 2-1.

Второто полувреме започна со силен притисок на Вардар, а Бабунски прв ја отвори серијата закани со силен шут од далечина. Башкими можеше да ја врати двојната предност во 66-тата минута, но ударот на Ристовски беше запрен од расположениот Талески. Тоа беше најава за голем пресврт и за само две минути Вардар го шокираше домаќинот. Закариќ стана херој на црвено-црните со два брзи погодоци во 70-тата и 72-рата минута  (2-3).

Вистинска драма следуваше во завршницата. Во 77-мата минута Спахиу не успеа да ја искористи колосалната шанса кога излезе сам пред домашниот голман.

Во 86-тата минута, неуморниот Рашид одлично проби по десната крилна позиција и асистираше во шеснаесетникот, каде Саити беше во вистинско време на вистинското место и погоди за конечни 3-3. До крајот на средбата немаше нови промени во резултатот, па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.

Continue Reading

Претходно: Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
Следно: ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Поврзани вести

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол image-66-1024x768 1
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

12/10/2026 12:43
За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски nikoloski-so-zname-696x464 2
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

12/10/2026 12:41
Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 3
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 4
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 5
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13

Можеби сте пропуштиле

image-66-1024x768
  • Македонија

МВР одзеде 27 парчиња оружје, 604 парчиња муниција и 10 експлозивни средства во меѓународна акција на Интерпол

Шеталиште 12/10/2026 12:43
nikoloski-so-zname-696x464
  • Македонија

За брзо очекувам да почнеме со карго сообраќајот од Прилеп преку Битола, порача Николоски

Шеталиште 12/10/2026 12:41
valerija-damcevska
  • Настани

Валерија Дамчевска победничка на „Поетски слем Македонија“

Шеталиште 12/10/2026 12:40
24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани